Поддршка за засегнати страни од COVID-19

Ширењето на корона вирусот и мерките за негово сузбивање влијаат на социо-економската положба на различни категории граѓани, организации и деловни субјекти во земјата.

Како одговор на кризата Хабитат Македонија и неговите поврзани друштва Хабидом и Финерти се подготвени да ги прилагодат договорните услови за постоечките корисници на заеми и други услуги, како и да развијат специфични облици на поддршка.

За конкретни информации, сите засегнати страни се покануваат да се обратат на е-меил адресата info@habitat.org.mk или на телефонот 070 255693.