Хабитат Македонија, афилијација на Habitat for Humanity International, објавува
ПОКАНА
за доставување на понуда за изведба на подополагачки работи
Здружението за хумано домување Хабитат Македонија, основано во 2004 година е македонска невладина и непрофитна организација, член на глобалната мрежа за справување со сиромашното домување Habitat for Humanity International.
Стратегискиот план на Хабитат Македонија, меѓу другите, вклучува и Програма за новоградби, која предвидува изградба на станбена населба во Велес. Првата фаза од Програмата е реализирана, односно завршена е изградбата на првите 4 објекти. Во тек е реализација на наредната фаза од Програмата во која Хабитат Македонија гради еден станбен објект со вкупна проектирана површина од приближно 825 м2.
За оваа цел, Хабитат Македонија има потреба од набавка на дел од завршните градежно – занаетчиски работи. Поради тоа, Ве покануваме да доставите понуда за изведба на подополагачки работи во горенаведениот објект, според Повикот и условите на набавка бр. 25/2016 кои можете да ги преземете подолу.
Доколку постои интерес од Ваша страна, Ве молиме понудата да ја доставите најдоцна до 29.07.2016 година (петок) до 16 часот. Понудата да се достави курирски, со предавање во просториите на Хабитат Македонија на адреса:
ул. Никола Парапунов бр. 41, Комплекс Макотекс, 1 кат, Скопје.
Контакт лице за дополнителни информации е Андреј Апостолски
(тел. 02 3061-890, е-меил: aapostolski@habitat.org.mk)
Во очекување на Вашата понуда, однапред Ви благодариме.
Документи за преземање:
1. Покана за доставување понуди за набавка 25-2016 - подополагачки работи |
|
2. Повик и услови за набавка 25-2016 - подополагачки работи |
|
3. Предмер за набавка - подополагачки работи |
|
4. Електронска копија од основен проект бр.01-012013, фаза архитектура |
|
За преглед на документите е потребен Adobe Reader [преземи]