за пријавување на семејства за вклучување во Програмата за
нови домови во Велес
Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните граѓани од Општина Велес да се пријават за вклучување во Програмата за нови домови во Велес.
Оваа покана се однесува на избор на 7 семејства со што ќе се комплетира првата фаза во која се градат 24 дома во 4 објекти.
Документите со образец за пријавување, технички детали за домовите, услови на финансирање, како и услови за селекција на семејствата можат да се преземат подолу на оваа страница или во канцеларијата на Хабитат Македонија во Велес (ул. Невена Георгиева Дуња бр. 12), во периодот од 21 до 31 декември 2009 година.
Пополнетите пријави треба да се достават до канцеларијата во Велес најдоцна до 20 јануари 2010 година.
Здружението за хумано домување Хабитат Македонија е организација чија основна цел е елиминирање на супстандардното домување во Македонија преку обезбедување едноставни, пристојни и пристапни домови за семејства со ниски примања. Активностите на Хабитат Македонија вклучуваат изградба, финансирање, застапување, јакнење на капацитетите на целната група и развој на заедниците.
Документи за преземање: