Периодот за аплицирање е завршен, во тек е процесот на селекција /
The period for application is over, and the selection process is underway
Хабитат Македонија, афилијација на Habitat for Humanity International, објавува
ПОКАНА
за пријавување на семејства за вклучување во Програмата за нови домови во Велес
Хабитат Македонија ги повикува заинтересираните граѓани од Општина Велес да се пријават за вклучување во Програмата за нови домови во Велес.
Оваа покана се однесува на избор на вкупно 9 семејства за вклучување во програмата за нов дом во објектот кој е во фаза на градба со вкупно 12 домови.
Документите: Образец за пријавување, Податоци за носителот на пријавата, Изјава за веродостојност на податоците, Технички параматри за домовите, Услови на финансирање, како и Услови за селекција на семејствата можат да се преземат подолу или да се подигнат во канцеларијата на Хабитат Македонија во Велес (ул. Невена Георгиева Дуња бр. 4A, стан број 1, (приземје), во периодот од 09 ноември до 30 ноември 2015 година, секој работен ден од 09.00 до 16.00 часот.
Рокот за доставување на документите е најдоцна до 30 ноември 2015 година до 16.00 часот. Документите се доставуваат во канцеларијата на Хабитат Македонија во Велес, или по пошта во канцеларијата на Хабитат Македонија во Скопје (ул. Никола Парапунов 41, комплекс Макотекс 1 кат, П.ФАХ 407, 1000 Скопје). Во предвид ќе бидат земени само документите кои се доставени во рокот во канцеларијата во Велес или во рокот се пратени по пошта до канцеларијата во Скопје.
Контакт телефон: Канцеларија Велес 070 224 286, Канцеларија Скопје 02 30 61 890.
Здружението за хумано домување Хабитат Македонија е организација чија основна цел е елиминирање на супстандардното домување во Македонија преку обезбедување едноставни, пристојни и достапни домови за семејства со ниски примања. Активностите на Хабитат Македонија вклучуваат изградба, финансирање, застапување, јакнење на капацитетите на целната група и развој на заедниците.
Документи за преземање:
1. Покана за пријавување |
|
2. Упатство |
|
3. Услови за финансирање |
|
4. Технички параметри |
|
5. Податоци за носителот на пријавата |
|
6. Образец за пријавување |
|
7. Изјава |
|
За преглед на документите е потребен Adobe Reader [преземи]