
Согласно Правилникот за набавки на Здружението за хумано домување Хабитат Македонија бр.0202-431/2 од 1.11.2021 година, вклучувајќи ги сите последователни измени и дополнувања и Одлуката за измени и дополнувања на Правилникот за набавки донесена на ден 27.12.2023 година, а во врска со Програмата за нови домови во Велес, Здружението за хумано домување Хабитат Македонија на ден 27.06.2025 година објавува:
ПОВИК И УСЛОВИ ЗА НАБАВКА бр.50/2025
Предмет на набавка: Изработка на Основен и идеен проект за еден објект во Населбата Хабитат во Велес на КП 17617/28 и КП 17617/29 и водење постапка за издавање одобрение за градење до надлежен орган.