Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Horizonti

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Collier County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Microsoft
Arcelor Mittal
Whirlpool
Whirlpool
 

Вести и настани

newsРазвој на пазарот во секторот домување

Хабидом продолжува да расте

Друштвото за управување со станбени згради Хабидом, основано од Хабитат Македонија, достигна 5000 станови под договор за континуирано управување. повеќе...

newsДомот е еднаквост

Кампањата Домот е еднаквост со лидерска група во Шуто Оризари

Шуто Оризари, една од двете македонски општини кои се партнери на националните активности на глобалната кампања Домот е еднаквост на Habitat for Humanity, беше домаќин на формирањето на Локалната лидерска група, активисти во заедницата кои ќе работат на предизвиците поврзани со домувањето, со фокус на намалување на сите видови нееднаквости, вклучително и пристапот до вода, струја и основни услуги. повеќе...

newsПрограма за новоградби

Предадена во употреба шестата станбена зграда во Велес

Тоа беше ден за паметење за Хабитат Македонија, неговите гости од Централна и Источна Европа, високите владини и општински претставници, како и партнерските семејства на Хабитат Македонија. повеќе...

newsДебата

Клучна дебата за Законот за домување

Повеќемесечната работа на Комисијата за измени и дополнувања на Законот за домување, со голема вклученост и поддршка од Хабитат Македонија, доби посебна вредност со дебатата организирана на 7 декември 2022 г. повеќе...

newsРАБА

Регистарот на станбени згради промовиран како веб апликација

Нова веб апликација на Хабитат Македонија беше презентирана пред стручната јавност, централната и локалните власти од целата земја на 15 февруари 2022 година. повеќе...

newsПоддршка

Благодарност и поддршка за Хабитат Македонија

Првата посета на Хабитат Македонија за Рик Хатавеј, потпретседателот на Habitat for Humanity International за регионот на Европа, Блискиот Исток и Африка, беше и можност за средба со Претседателот на Републиката Стево Пендаровски. повеќе...

newsБрифинг

Брифинг за климатските промени и енергетската ефикасност

На 24 јуни 2021 година, на градилиштето на Хабитат Македонија во Велес се одржа брифинг на повеќе високо позиционирани чинители околу идната соработка поврзана со климатските промени и енергетската ефикасност на станбениот сектор. На состанокот учествуваа Рик Хатавеј, потпретседател на Habitat for Humanity за Европа, Блискиот Исток и Африка, Фатмир Битиќи, заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Ирена Стефоска, министер за култура на Република Северна Македонија, Ерик Јановски, претставник на УСАИД во Северна Македонија, Аце Коцевски, градоначалник на Велес и Зоран Костов, национален директор на Хабитат Македонија. повеќе...

newsПроект

Во тек урбанизација на Шуто Оризари

Повеќе од 17.000 жители на Шуто Оризари, на периферијата на Скопје, имаат причина повеќе да веруваат овој дел на градот ќе биде урбанизиран согласно законските одредби, откако Хабитат Македонија избра две реномирани компании да изработат детални урбанистички планови за повеќе од 150 хектари (1,5 милиони кв.м.) од оваа густо населена општина. повеќе...

newsСоработка

Винербергер и Хабитат Македонија заедно во Велес

Општината која е веќе домаќин на неколку програми и проекти на Хабитат Македонија прифати уште една иницијатива, овојпат од корпоративниот гигант Винернергер. повеќе...

newsВолонтери

Градење домови во време на пандемија: Амбасадорката на САД волонтираше во Велес

Во услови на суспендирана програма за меѓународно волонтирање по појавата на корона вирусот, посветеноста на борбата против ефектите на пандемијата преку помош на оние кои имаат потреба од нов дом беше демонстрирана на вистински начин од Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Кејт Мари Брнс. Во средината на август 2020 година таа го посети Проектот за новоградби во Велес. повеќе...

newsПроект

Поддршка за национална типологија и енергетска проценка на зградите

Долго очекуваниот национален проект за проценка на енегетските пергорманси на станбените згради во Македонија се подготвен за старт во февруари 2020 година, откако двата главни поддржувачи на проектот, Фондот за иновации и технолошки развој и Хабитат Македонија го верифицираа своето финансиско учество. повеќе...

newsПроект

Нови хоризонти за заеднички иницијативи во Европа

Одлични вести пристигнаа во Хабитат Македонија во средината на јануари 2020: три проекти поднесени од европски конзорциуми, каде Хабитат Македонија или Хабидом се партнери, добија истовремено финансирање од Програмата за истражување и иновации на Европската Унија наречена Хоризонт 2020. повеќе...

newsСоработка

Одржлив урбан развој за ромските заедници

По потпишувањето на договорот за грант на крајот на октомври 2019 година, сите релевантни чинители за новиот проект насловен како Одржлив урбан развој за ромските заедници беа поканети од Хабитат Македонија на промотивниот состанок одржан на 18 декември 2019 година во Скопје. повеќе...

news2019

Проекти на Хабитат Македонија во извештај на ОН

Два проекти на Хабитат Македонија се вклучени во Збирката на најдобри практики за стандарди и технологии за енергетска ефикасност на објекти во регионот на Европа и Централна Азија, објавени во август 2019 од Економската комисија за Европа на Обединетите Нации (УНЕЦЕ). повеќе...

newsСредба

Претставници на Хабитат Македонија на средба со претседателот на Собранието

Висока делегација на Хабитат Македонија доби посебна можност на 21 мај 2019 година, на претседателот на Собранието Талат Џафери да му ги презентира своите ангажмани и иницијативи во областа на застапувањето за унапредување на домувањето. повеќе...

newsСторија

Дома е светло, топло, секој си има свое катче – среќни сме

Во населбата во Велес во новоизградените згради изградени со поддршка од Хабитат Македонија и бројните тимови на волонтери, веќе две години живее младото семејство Босилкови. Во пресрет на Велигден нѐ пречекаа во својот дом и осумгодишната Емилија и тригодишната Ива. „Пресреќни сме овде, убаво ни е. повеќе...

newsПризнание

Здружението за хумано домување Хабитат Македонија и општината Бутел потпишаа меморандум за соработка

На 18 април 2019 година, во просториите на општина Бутел, здружението за хумано домување Хабитат Македонија и општината Бутел потпишаа меморандум за соработка во однос на создавање на регистар на станбени згради и регистар на управители чијшто краен резултат е создавање на база на податоци која ќе ги поддржи локалната самоуправа, сопствениците на станови, како и активностите за развој на севкупниот пазар на домување. повеќе...

newsПризнание

Хабитат Македонија со најдобри оценки од волонтерите во регионот ЕМЕА

Канцеларијата на Хабитат за Европа, Среден Исток, и Африка (ЕМЕА) ги објави најновите статистички податоци од евалуацијата на националните организации кои имаат програми за меѓународни волонтери (т.н. Global Village програма), за календарска година 2018. повеќе...

newsСторија

Добредојдовте во нашиот топол дом

Mišto alen ko amaro kher! Вели Анета Азир, со насмевка на лицето, стоејќи и пречекувајќи нè на влезот од својот дом. Дом кој отскокнуваше по убавина и смиреност во однос на соседните куќи во Ромското маало. повеќе...

newsСторија

Работата на Хабитат Македонија претставена во Financial Times

Too cold to live in: how families in Macedonia are rebuilding their homes, an article published in Financial Times on December 11, 2018. повеќе...

newsПризнание

Високо признание на општина Велес за Хабитат Македонија

За постигнати резултати од значење за Општина Велес и нејзината афирмација во земјата и светот, особено во областа на промовирање хумани вредности и развој на волонтерството, Хабитат Македонија го доби највисокото признание на општина Велес, плакетата 9-ти Ноември. Признанието беше доделено од градоначалникот на Велес Аце Коцевски, на свечена академија која се одржа на 9 ноември 2018 година. повеќе...

newsПризнание

Доделена наградата Energy Globe на Хабитат Македонија

Австриската фондација Energy Globe му оддаде меѓународно признание на десетгодишниот ангажман на Хабитат Македонија во секторот на енергетска ефикасност, со доделување на награда за национални достигања. Наградениот проект: Енергетски ефикасни домови за семејства со ниски приходи, иницијално е започнат од Хабитат Македонија во 2009 година. повеќе...

news2018

Одбележување на Светскиот ден на домувањето

Организацијата на Обединетите нации, со резолуција на Генералното собрание започнала да го одбележува Светскиот ден на домувањето во 1985 година. Секој прв понеделник во месецот октомври е ден кога се одбележува значењето на живеалиштето, како основа за развој и просперитет. повеќе...

newsПризнание

Награда Energy Globe за Хабитат Македонија

По повод Светскиот ден на животната средина, австриската фондација Energy Globe му оддаде меѓународно признание на десетгодишниот ангажман на Хабитат Македонија во секторот на резиденцијална енергетска ефикасност, со доделување на награда за национални достигања. повеќе...

newsПартнерство

Wienerberger и Habitat for Humanity по трет пат го продолжуваат партнерството

Wienerberger групацијата е еден од водечките производители на градежни материјали во светот, Habitat for Humanity International е меѓународна организација за хумано домување. Овие два субјекти со задоволство објавуваат уште тригодишно продолжување на нивното партнерство. повеќе...

newsВолонтери

Волонтерски ден на Saint-Gobain и Хабитат Македонија

Тим од волонтери составен од вработени во Saint-Gobain и Хабитат Македонија на 20 март 2018 г. организираа заеднички волонтерски ден, кој се одржа на градилиштето во зградата на Здружението на пензионери – Кавадарци. Зградата на Здружението е под реконструкција како дел од проект на Saint-Gobain и Хабитат Македонија за реновирање на просториите на Здружението и подобрување на енергетската ефикасност на зградата. Ова е воедно прв проект поддржан од Фондацијата Saint-Gobain Initiatives во Македонија. повеќе...

newsЗавршна конференција

Одржливи модели за вработување на Ромите

Хабитат Македонија, ДРОМ од Куманово и Креација од Скопје на завршна конференција за проектот „Одржливи модели за вработување на Ромите“ која се одржа денес во Скопје, ги преставија резултатите од проектот и го претставија развиениот модел за вработување на Ромите. повеќе...

newsТркалезната маса

Експертска консултација за развој на пазарот во секторот домување, со фокус на енергетската ефикасност

Тервилигер центарот за иновации во домувањето од Атланта, САД и здружението Хабитат Македонија одржаа тркалезна маса – експертска консултација на тема: РАЗВОЈ НА ПАЗАРОТ ВО СЕКТОРОТ ДОМУВАЊЕ: ФОКУС НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ. повеќе...

newsВолонтери

Волонтерски тим од Хенкел во Македонија

Безбеден дом за луѓето кои имаат потреба – ова е целта на програмата “Добредојдовте дома“ која ја започна Секторот на Хенкел за адезиви за потрошувачи, занаетчии и градежници во соработка со Habitat for Humanity. Преку соработката со Habitat for Humanity Хенкел придонесува кон подобрување на животот во локалните заедници. повеќе...

newsРазвој на пазарот во секторот домување

Две години ангажман на управување со станбени згради

Хабидом ДООЕЛ Скопје, друштво за управување со станбени згради основано од Хабитат Македонија како дел од деловниот план 2016-2018 година стреми кон подобрување на квалитетот на услугите во областа на управување и одржување на станбени згради. повеќе...

newsПрограма за новоградби

Предадена во употреба петтата станбена зграда во Велес

Еден од носечките програми на Хабитат Македонија – проектот за новоградби во Велес одбележа уште едно постигнување: петтата станбена заграда за семејства со ниски приходи беше предадена во употреба на 11 јули 2017 година. повеќе...

newsПромоција

Промоција на Почетни студии за домувањето на Ромите во Општините Чаир, Прилеп и Штип

Хабитат Македонија како дел од проектот „Права на домување кај Ромите за одржлив урбан развој“ ги промовираше трите Почетни студии за домувањето на Ромите во Општините Чаир, Прилеп и Штип. повеќе...

newsНов проект

Одржливи модели за вработување на Роми - нов проект на Хабитат Македонија финансиран од ЕУ

Ромската заедница и понатаму останува една од најмаргинализираните и обесправени групи во Македонија. Во 2007 година, Хабитат Македонија го основа Фондот за домување за Роми, и оттогаш па наваму имаме развиено различни програмски активности посветени токму на подобрување на условите за живот на Ромите. повеќе...

newsПризнание

Признание за развој и промоција на волонтерството

На Хабитат Македонија и беше доделено Признание за долгогодишен придонес во развојот и промоцијата на волонтерството во Македонија. Признанието го додели Националниот совет за развој на волонтерство и Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија. повеќе...

newsТервилигер центар за иновации
во домувањето

Фокус на пазарот за домување во Македонија

Во рамките на Деловниот план 2015-2018, Хабитат Македонија започнува со спроведување на проект за поддршка на капитални инвестиции кои имаат за цел развој на пазарот во секторот домување. Проектот е поддржан од Тервилигер-Центарот за иновации во домувањето на Habitat for Humanity International, промовиран минатиот месец во Кито, Еквадор, за време на одржувањето светскиот форум Хабитат III. повеќе...

news2016

Светски ден на домувањето

На Светскиот ден на домувањето, првиот понеделник во месец октомври, Хабитат Македонија се приклучува на Обединетите нации и другите организации низ светот во борбата за подигање на свеста и мобилизирање на поединците и заедниците за надминување на глобалната криза со домувањето. повеќе...

newsКампања

Хабитат Македонија се вклучува во кампањата „На сигурно тло“

Што е од суштинско значење за едно семејството да може да живее во безбеден, достоинствен, достапен дом? Тоа е нешто што е очигледно, но многу луѓе ретко обрнуваат внимание – тоа е земјиштето. За жал, повеќето луѓе во светот немаат право на сопственишто за земјиштето на кое живеат. повеќе...

newsНов проект

Права на домување кај Ромите за одржлив урбан развој

Проектот „Права на домување кај Ромите за одржлив урбан развој“ финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права започна да се спроведува во декември 2015 г. Целта на проектот е да го зајакне учеството на ромската заедница во процесите на социјална инклузија во доменот на домување. повеќе...

newsПартнерства

Хабитат Македонија и општината Гази Баба потпишаа меморандум за соработка

Хабитат Македонија го поддржува процесот на регистрација на станбени згради на целата територија на Република Македонија. Регистрацијата на станбени згради превземена од Хабитат Македонија вклучува собирање на податоци според обврските од Законот за домување и податоци за основните градежни и енергетски карактеристики на зградите. анализата на станбените згради се очекува да биде важен извор на податоци за општините, институциите, граѓанскиот сектор, деловниот сектор и особено за сопствениците на станови во колективните згради. Активноста веќе беше завршена во три општини во тек на 2015 година, и Хабитат Македонија продолжува со реализацијата на овој проект во општините низ цела Македонија. Една од првите во кои овој проект продолжува е Општина Гази Баба. повеќе...

newsБегалска криза

Во тек активности за зазимување

Во текот на втората половина на ноември 2015 активностите на Хабитат Македонија за справување со бегалската криза беа проширени на интервенција со која е обезбедена опрема и инсталација за греење во неколку клучни засолништа во транзитниот центар на грчко-македонската граница, вклучувајќи генератор за струја и напонска мрежа со голем капацитет за засолништата на Хабитат, УНИЦЕФ и едно од засолништата на УНХЦР. Интервенцијата е дел од заедничките активности на Владата на Македонија и повеќе други организации за подготовка на транзитните центри за зимски услови. повеќе...

newsМигрантска криза

Хабитат Македонија обезбедува засолниште на грчко-македонската граница

Реагирајќи на една од најтешките кризи која го погаѓа регионот на Блискиот Исток и Европа, на средината на октомври Хабитат Македонија подигна засолниште за мигрантите и бегалците додека трае процесот на регистрација од македонските власти, пред да бидат примени во транзитниот центар на грчко-македонската граница. повеќе...

newsСветски ден на домувањето

Хабитат Македонија и учениците од НОВА во акција за подобрување на јавните простори во Македонија

По повод Светскиот ден на домувањето, Хабитат Македонија заедно со Меѓународното училиште НОВА организираат дебата и изложба на фотографии од јавни простори направени од учениците во НОВА. повеќе...

newsРазвој на пазарот во
секторот домување

Хабидом лиценциран од Регулаторната комисија за домување

Хабидом, друштвото за управување со станбени згради основано од Хабитат Македонија како дел од Деловниот план 2016-2018 година, доби лиценца за работа од Регулаторната комисија за домување на Република Македонија. Согласно македонскиот Закон за домување, лиценцата е предуслов за друштвото да започне со работа во секторот на управување со станбени згради. повеќе...

newsСтратегија за раст на мрежата Habitat for Humanity International

Усогласен деловниот план 2016-2018 на Хабитат Македонија

Хабитат Македонија, со покана упатена од Habitat for Humanity International, се придружи кон групата од 10 национални Хабитат организации избрани да ја тестираат глобалната Стратегијата за раст. За оваа цел ХФХИ и Хабитат Македонија се согласија со взаемна соработка да подготват Стратегиски план и Деловен (бизнис) план за Хабитат Македонија, за фискалните години во периодот 2015-2018 година, коишто ќе бидат усогласени со глобалниот Стратегиски план на ХФХИ. Последователно, Стратешкиот план на Хабитат Македонија за периодот 2014-2018 година предвиде јакнење на влијанието на организацијата на ниво на заедница, сектор и општество, како и изградба на одржлива организација. повеќе...

newsПартнерство со ФООМ и НРЦ

Проектот за легализација
во завршна фаза

По четиригодишна имплементација проектот за легализација на домувањето во ромските заедници влегува во завршна фаза. Проектот кој Хабитат Македонија го спроведува во соработка со Фондацијата отворено општество Македонија и Националниот ромски центар ги поддржува најранливите семејства во ромските заедници во постапката за легализација на нивните домови, согласно Законот за постапување со бесправно изградените објекти од 2011 година. повеќе...

newsДоговор за соработка со УСАИД

Унапредување на енергетската ефикасност во секторот домување

Во април 2015 УСАИД и Хабитат Македонија го финализираа комплексниот проект кој беше фокусиран на унапредување на енергетската ефикасност во станбениот сектор. повеќе...

newsНастан

Инвестициски форум за енергетска ефикасност за секторот домување одржан во Скопје

На 25 март 2015 година, УСАИД и Хабитат Македонија одржаа инвестициски форум, организиран во рамки на Проектот за енергетска ефикасност во секторот домување. На форумот беа присутни повеќе од 50 учесници од приватниот и од јавниот сектор, кои ги разгледаа потребите и потенцијалите за инвестирање во енергетската ефикасност во секторот домување во Македонија. повеќе...

news6 Октомври

Светски ден на домувањето

Светскиот ден на домувањето е еден ден од годината кој треба да нѐ потсети заеднички да се залагаме за свет во кој секој човек ќе има услови за достојно домување, а имањето пристоен дом ќе биде препознаено како едно од основните човекови права. повеќе...

newsСтуденти помагаат на партнер семејствата на Хабитат

Првиот јапонски ГВ тим работеше во Велес

Од 1-ви до 14-ти март 2014 г. група студенти од Јапонија ја посети Македонија и се вклучи во глобалната волонтерска програма за помош на партнер семејства на Хабитат. Студентите помогна во изградба на домовите на партнер семејствата кој се избрани во програмата за нови домови во Велес. Во градењето им се придружија почесниот член на Управниот одбор на Хабитат Македонија Мери Џо Волерс и почесниот конзул на Јапонија Казу Лешниковска. Заедно со партнер семејствата тие ги изградија сите ѕидови на три домови и голем дел од дрвената конструкција за кровот на објектот. повеќе...

newsПартнерства за енергетска ефикасност

Нов меморандум за продолжување на соработката со општина Центар

Хабитат Македонија и скопската општина Центар ќе ја продолжат успешната соработка откако новиот градоначалник Андреј Жерновски потврди дека општината и во иднина ќе финансира поставување фасади со термичка изолација на постоечки колективни станбени згради, во насока на максимална заштеда на топлинска енергија. повеќе...

newsЕЦА Форум за домување 2013

Два проекти на Хабитат Македонија презентирани во Женева

На вториот Форум за домување на Европа и Централна Азија, организиран од меѓународната мрежа на Хабитат, во партнерство со Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ), Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Економската комисија на Обединетите Нации за Европа (УНЕЦЕ), Хабитат Македонија имаше чест да биле поканет и да презентира два од своите тековни проекти. повеќе...

newsПодобро домување за лицата со хендикеп

Како можам ЈАС да помогнам?

Хабитат Македонија верува дека пристојниот дом е првиот чекор кон социјалната вклученост. Пристапот до адекватен дом за сите лица е неопходен за постигнување напредок и општествен развој за сите. Во оваа насока, на 8 февруари 2013 година, во Волково, Хабитат Македонија ја започна кампањата Социјална инклузија преку пристојно домување за лицата со посебни потреби. Под мотото „Како можам ЈАС да помогнам?" кампањата цели кон сензибилизирање на пошироката јавност за потребите за пристојно домување на оние лица, кои живеат со некаков хендикеп. повеќе...

newsРезултати за фискалната година 2012

Рекордно висок број на услужени семејства

Фискалната година која заврши на 30 јуни 2012 беше исклучителна за Хабитат Македонија, со оглед дека беше постигнат рекордно висок број на услужени семејства, и преку градежни интервенции и преку услуги за поддршка на домувањето (УПД). Ова остварување ја рангира македонската национална организација меѓу најдобрите во Habitat for Humanity International, мрежа која има операции во 90 земји. повеќе...

newsДомување за лица со посебни потреби

Семејната фондација Финерти му се придружува на Хабитат

Условите на екстремно сиромашни услови на живеење на кои Џон Финерти можеше да се осведочи во текот на неговите претходни посети на Македонија, особено меѓу семејствата со членови кои имаат посебни потреби, го наведоа да преземе несекојдневен чекор. Ова лето, при посетата на селото Рашче на периферијата на Скопје, тој се сретна со семејство кое го знаеше од порано... повеќе...

newsЕнергетска ефикасност

Партнерство со општина Центар

Со потпишувањето Меморандум за соработка на 12 јули 2012 воспоставено е ново партнерство со една од скопските општини – општина Центар. Програмата за енергетски ефикасни домови на Хабитат Македонија на овој начин е проширена на уште една скопска општина. повеќе...

newsКорпоративна општествена одговорност

Поддршка од ArcelorMittal за енергетски ефикасни интервенции

Првите микро-заеми за домување наменети за подобрување на енергетската ефикасност на индивидуални домови каде живеат семејства со ниски примања се исплатени во април 2012, благодарение на финансиската поддршка за Хабитат Македонија добиена од компанијата АрселорМитал. Планирано е обновливиот фонд основан за оваа цел да биде оперативен се додека постои интерес за овој тип на интервенции. повеќе...

newsДоговор за соработка со УСАИД

Селекција на станбени згради во тек

По официјалното промовирање на проектот Енергетска ефикасност за секторот домување во декември 2011, во првиот квартал на 2012 започнат е целосно транспарентен процес на селекција на станбени згради во општините вклучени во првата фаза на проектот: Карпош, Тетово, Велес и Куманово. Јавниот повик објавен во весниците Дневник, на македонски јазик, и Коха, на албански јазик, проследен со информативни средби организирани во истите општини за сопствениците и нивните заедници, резултираше со 36 пријави. повеќе...

newsНов проект финансиран од ЕИДХР

Индикатори за социјална вклученост во домувањето

Од јануари 2012 година Делегацијата на Европската Унија во Скопје преку Европскиот инструмент за демократија и човечки права (ЕИДХР) одбра уште еден проект на Хабитат Македонија за финансирање во наредните 12 месеци. Главната цел на проектот, наречен Развој на индикатори за социјална вклученост во домувањето, е поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост, преку развој на референтни индикатори, при што би се следел прогресот во процесот на социјалната вклученост. повеќе...

newsЗавршна конференција

Домувањето и човековите права

Хабитат Македонија во рамките на проектот "Промовирање на правата за домување на Ромите", финансиран од Европската Унија, на 15 февруари во Скопје одржа завршна конференција на тема "Домувањето и човековите права". повеќе...

newsНов проект

Легализација на домувањето за Роми

Хабитат Македонија, Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ) и Националниот ромски центар (НРЦ) на 18 јануари 2012 година потпишаа договор за соработка за имплементација на проектот "Легализација на домувањето за Роми". повеќе...

newsПрезентација на Хабитат Македонија

Американската стопанска комора во Македонија промовира корпоративна општествена одговорност преку Хабитат Македонија

Американската стопанска комора во Македонија (AmCham Macedonia) организираше божиќна забава на која го промовираше концептот за корпоративната општествена одговорност. Извршниот директор на "Комората", г-а Соња МкГурк, им посака добредојде на присутните со презентација за изминатите активности и постигнувања на комората и ги охрабри присутните да ги вклучат своите компании во општествени одговорни активности преку програмите на Хабитат Македонија. повеќе...

newsОфицијален почеток

Проект за Енергетска ефикасност за секторот домување

На 15ти декември 2011 година, проектот за Енергетска ефикасност за секторот домување го одбележа својот официјален почеток. Промоцијата на проектот беше започната со добредојде до присутните искажано од страна на заменик директорот за програма на Хабитат Македонија, Лилјана Алчева. Таа ги претстави говорниците на настанот, министерот за економија, г. Ваљон Сараќини, директорот на УСАИД Мисијата во Македонија, г. Роберт Вуртц и извршниот директор на Хабитат Македонија, г. Зоран Костов. повеќе...

newsНов проект

Подобрување на домови за СОС Семејства

Хабитат Македонија воспостави партнерство со СОС Детско село Македонија со цел да се подобрат условите за домување во СОС Детското село во Скопје. Целта на проектот е значително подобрување на условите за домување преку реновирање на бањите во селото, намалување на трошоците за одржување за дванаесет семејни куќи и спроведување на едукативни работилници за рационална употреба на вода и електрична енергија. повеќе...

newsНов проект

Истражување за УНЦХР за условите на домување на 185 семејства

Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНЦХР) и Хабитат Македонија воспоставија соработка со цел да им помогнат на 185 семејства со поранешен статус на бегалци да ги подобрат своите услови за живот. Во проектот се вклучени и семејствата кои имаат член со статус на бегалец. повеќе...

newsПрограма за нови домови

Хабитат – Македонија и партнер семејствата ги потпишаа пред-договорите за вклучување во програмата за нови домови

Хабитат – Македонија и нејзините партнер семејства вчера, 28 април во 13:00 часот во Велес ги потпишаа пред-договорите за вклучување во програмата за нови домови во Хабитат населбата во овој град. На церемонијата присуствуваа управниот одбор на организацијата, заменик-претседателот на канцеларијата на Хабитат за Европа и Централна Азија, Дон Хашчин, амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Филип Рикер со својата сопруга Солвејг, претставници на локални и меѓународни организации кои работат во Македонија, тим од волонтери од САД, како и градоначалникот на Велес, Горан Петров. повеќе...

news

Нов проект

Хабитат - Македонија го имплементира проектот промовирање на права за домување на Ромите

Европската Унија ја одбра Хабитат Македонија да го имплементира проектот за промовирање на правата за домување на Ромите во Македонија. Проектот ќе се одвива во периодот помеѓу 12/2010 – 12/2011 во општините Шуто Оризари, Тетово, Гостивар и Куманово кои имаат голем број на ромско население. повеќе...

вест

Соработка

Хабитат Македонија имплементира пилот-проект на УСАИД

Хабитат Македонија, како локален партнер на Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите Држави (УСАИД) е вклучен во пилот-проект кој има за цел да ги процени заштедите во потрошувачката на енергија во колективното домување, откако ќе се применат мерки за енергетска ефикасност. повеќе...

вест

Застапување

Справување со социјалната исклученост во домувањето

Извршниот директор на Хабитат Македонија д-р Зоран Костов беше поканет од Министерството за труд и социјална политика на почетокот на годинава да се приклучи кон експертскиот тим кој беше определен да ја подготви Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост за периодот 2010-2020 година. Специфична одговорност на д-р Костов беа областите транспорт, комуникации и домување. повеќе...

вест

Признание

Прием за Џон Финерти кај претседателот Иванов

Како признание за континуираната поддршка на Хабитат Македонија и неговите партнер-семејства со ниски приходи, Џон Финерти, извршниот директор на Хабитат од Источен и Централен Паско, Флорида, беше примен на 17 август 2010 од македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Приемот беше одржан во летната претседателска резиденција во Охрид. На приемот присуствуваше и Зоран Костов, извршниот директор на Хабитат Македонија. повеќе...

вест

Енергетска ефикасност

Партнерство со Општина Карпош

На 6 мај официјално стартуваше партнерскиот проект на Хабитат Македонија и општината Карпош, Скопје, за унапредување на енергетската ефикасност на 112 станбени единици од станбената кула број 10 на бул. „8-ми Септември“ во Скопје. Проектот е дел од повеќегодишната Програмата за енергетски ефикасни домови на Хабитат Македонија со која веќе се завршени интервенциите на 28 станбени единици во Кавадарци. повеќе...

вест

Итна помош за Хаити

Habitat for Humanity International – Проект за реагирање при хуманитарни катастрофи

Тимот на Habitat for Humanity International за итна помош при хуманитарни катастрофи е во Хаити и работи на расчистување на рушевините и подготовки за градење на приврмени засолништа за семејствата погодени од земјотресот кој го погоди Хаити на 12 јануари 2010 година. Директорот на Habitat for Humanity Џонатан Рекфорд му се придружи на тимот заедно со поп ѕвездата Рики Мартин, кој преку својата фондација ја помага програмата за Реагирање при катастрофи на Habitat for Humanity. повеќе...

вест

Програма

Фокус на енергетската ефикасност

Хабитат Македонија иницира пилот проект - Енергетски ефикасни домови, фокусиран исклучиво на финансирање на замената на постоечките енергетски неефикасни прозорци и врати, зголемувајќи го на тој начин капацитетот на термо-изолација во домовите на семејствата со ниски приходи. повеќе...



Архива на вести...

Home Equals
Home Equals
habitat.org.mk
Covid19
domuvanje.org.mk

Ревидирани финансиски извештаи 2022

Програмска презентација

Банери

Размена на банери


Купи слика,
помогни го Хабитат