Признание
|
Прием за Џон Финерти кај претседателот Иванов
Како признание за континуираната поддршка на Хабитат Македонија и неговите партнер-семејства со ниски приходи, Џон Финерти, извршниот директор на Хабитат од Источен и Централен Паско, Флорида, беше примен на 17 август 2010 од македонскиот претседател Ѓорге Иванов. Приемот беше одржан во летната претседателска резиденција во Охрид. На приемот присуствуваше и Зоран Костов, извршниот директор на Хабитат Македонија.
Водејќи четири пати тимови на меѓународни волонтери во Македонија, Џон Финерти не само што придонесува кон напорите на Хабитат Македонија да ги подобри условите за домување на сиромашните, туку исто така помага во локалната промоција на концептот на волонтерство, како што е развиен и применуван од Хабитат. Истовремено, неговата афилијација од Флорида е главен донатор на Хабитат Македонија преку процедурата која се нарекува “тајдинг“.
Претседателот Иванов ја искористи приликата да му се заблагодари на Џон Финерти за неговата посветеност да помогне во искоренувањето на сиромашното домување во Македонија. Претседателот исто така истакна дека тој ја користи секоја прилика да ја демонстрира неговата поддршка на Хабитат Македонија, вклучувајќи и непосредно волонтирање при изградбата на новите домови на Хабитат во Велес.
|
Прием за Џон Финерти кај претседателот Иванов
|
Прием за Џон Финерти кај претседателот Иванов
|
|
|
|