Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

За Хабитат

Мисија

Хабитат-Македонија е невладина и непрофитна организација посветена на обезбедување едноставни, пристојни и пристапни решенија за живеалишта на оние што живеат во услови на сиромаштија, без разлика на нивната етничка, полова и религиозна припадност. На тој начин ние им овозможуваме напуштање на условите на сиромашна животна средина и подобрување на квалитетот на нивниот живот. На оваа група сиромашни лица ние им обезбедуваме експертиза за градба како и градежни материјали што ќе им овозможи поседување на сопствено живеалиште по отплаќањето на бе с каматниот кредит. Во настојувањето да го збогатиме и подобриме животот на сиромашните, т.е. нашите партнер - семејства и нивните заедници, сите здружени во оваа мисија сме водени од четири суштински вредности - Посветеност, Почитување, Интегритет и Надзорство (грижа).


Управен Одбор

Управниот одбор е составен од 7 членови.


Проекти

Хабитат-Македонија и Можности во Македонија започнуваат партнерство преку Иновативна програма. Програмата предвидува воспоставување кредитна линија која ќе нуди мали заеми за реконструкција и реновирање на субстандардни домови. Кредитната линија ќе користи средства од Фондот за подобар дом, основан со заедничко вложување на Хабитат - Македонија и Можности. Програмата предвидува и нефинансиски услуги во форма на совети и обука за кредитокорисниците.


Канцеларија

Персонал на канцеларијата на Хабитат Македонија .


HFH International

Хабитат е непрофитна христијанска организација која се занимава со домување. Хабитат работи на елиминација на сиромашното домување и бездомништвото во светот и прави обиди пристојното живеалиште да биде работа на совест и делување. Хабитат ги поканува луѓето со различни судбини да работат во партнерство и да помогнат во изградбата на куќи за семејствата на кои им е потребно соодветно домување. Хабитат има изградено преку 175.000 куќи низ светот, со што на околу 750.000 луѓе во преку 3.000 заедници им е обезбедено безбедно, пристојно место за живеење, кое тие луѓе може да си го дозволат.


Чести прашања

Најдете ги одговорите на Вашите прашања во секцијата Чести прашања.