Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

HFH International

Што е Хабитат?

Хабитат е непрофитна христијанска организација која се занимава со домување. Хабитат работи на елиминација на сиромашното домување и бездомништвото во светот и прави обиди пристојното живеалиште да биде работа на совест и делување. Хабитат ги поканува луѓето со различни судбини да работат во партнерство и да помогнат во изградбата на куќи за семејствата на кои им е потребно соодветно домување. Хабитат има изградено преку 175.000 куќи низ светот, со што на околу 750.000 луѓе во преку 3.000 заедници им е обезбедено безбедно, пристојно место за живеење, кое тие луѓе може да си го дозволат.


Каде работи Хабитат?

Постојат повеќе од 2.000 афилијации во сите 50 сојузни држави во САД, Колумбија и Порто Рико, територијата Гвам и 82 други држави во светот. Хабитат е движење. Граѓани со различни судбини се здружуваат на волонтерска основа за да формираат афилијација на Хабитат во нивната заедница. Локалната афилијација се занимава со собирање средства, изградба на куќи, избор на семејства и донесување други клучни одлуки. Канцелариите на Хабитат низ целиот свет обезбедуваат обука и други видови поддршка за националните организации и афилијации на Хабитат. Седиштето се наоѓа во Америкус, Џорџија, САД, каде е сместена и регионалната канцеларија за САД. Другите регионални канцеларии се: за Латинска Америка и Карибите во Сан Хозе, Коста Рика, за Европа и Централна Азија во Будимпешта, Унгарија, за Африка и Средниот Исток во Преторија, Јужна Африка и за Азија и Пацификот во Банкок, Тајланд.


Хронологија

1976 - Хабитат е формирана во Америкус, Џорџија (САД) од страна на Милард Фулер и неговата сопруга Линда. Во септември е започната изградбата на првото живеалиште во Сан Антонио, Тексас, каде е отворена првата афилијација на Хабитат.

1979 - Седиштето на Хабитат, од адвокатската канцеларијата на Ленард Фулер, се сели во реновирана куќа во соседството. Се гради првото живеалиште во Америкус.

1984 - Поранешниот американски претседател Џими Картер и неговата сопруга, Розалин, стануваат партнери на Хабитат. Започнат е првиот проект именуван „Џими Картер“ во градот Њу Јорк. На конвенцијата на американските афилијации е создадена програмата за Десеток (Сите афилијации на Хабитат имаат обврска да дадат 10 проценти од нивните локално собрани прилози за финансирање на изградба на куќи во други земји).

1988 - HFHI ја прославува дванасетгодишнината со прошетка од 1,200 милји, од Портланд до Атланта. Формирани се одделите Глобално Село и Корпорација донатори. Првата афилијација во Австралија почнува со работа.

1991 – Во април е предадено 10.000-то живеалиште во Атланта. Првото живеалиште базирано на женски-труд е изградено во Шарлот, Северна Каролина.

1993 - 20.000-то живеалиште на светско ниво е предадено во Америкус. Формирана е програмата за Соработка со Црквите. Отпочната е иницијатива за формирање на интернационален фонд собран врз база на Десеток од локално собраните средства од афилијациите ширум светот.

1994 - 30.000-то живеалиште на светско ниво е предадено во Америкус.

1996 - 50.000-то живеалиште на Хабитат е предадено во Пенискула, Флорида.

1997 - Познатата ТВ водителка Опра Винфри ја започнува нејзината програма „Градење на Опра шивеалиште“.

1998 - 70.000-то живеалиште на Хабитат е предадено во Кантон, Охајо. HFHI етаблира оддел на Жени-градители.

2000 - 100.000-то живеалиште на Хабитат е предадено во градот Њу Јорк, прогласена е победа над сиромашното домување во Америкус, домот на Habitat for Humanity International уште од неговото формирање.

2001 - HFHI ја прославува 25 годишнината во Индианаполис. Американскиот претседател Џорџ Буш волонтира при изградбата на живеалиште во Тампа, Флорида.

2005 – HFHI очекува дека ќе го предаде 200.000-то живеалиште и ќе заокружи еден продуктивен период во кој скоро еден милион луѓе ширум светот живеат во Хабитат куќи.


Хабитат факти (Традиционална програма)

Како функционира Хабитат?

Со волонтерска работа и донации на финансиски средства и материјал Хабитат гради и реновира едноставни и пристојни живеалишта со помош на сопствениците - партнер-семејства. Куќите на Хабитат се продаваат на партнер-семејствата без профит, бидејќи се финансирани од бескаматни кредити кои партнер семејствата можат да си ги дозволат.

Средствата од враќањето на кредитите одат во обновлив „Фонд за хуманост“ кој се користи за изградба на нови куќи. Својата мисија Хабитат ја исполнува на ниво на заедница преку организирани групи, т.н. афилијации.

Афилијациите низ целиот свет обезбедуваат средства за изградба на куќи. Сите афилијации на Хабитат имаат обврска да дадат 10 проценти од нивните локално собрани прилози за финансирање на изградба на куќи во други земји (Десеток).

Во многу земји, формирани се национални организации за поддршка на развојот на афилијациите. Овие национални организации го поддржуваат и обезбедувањето финансиски средства, работат на подигање на свеста и обезбедуваат обука за лидерство. Некои национални организации и афилијации добиваат грантови и финансиска поддршка од централата на Хабитат.

Хабитат не е програма за донирање средства. Покрај враќањето на месечните рати од кредитот, партнер-семејствата инвестираат стотици работни часови сопствен труд - т.н. „инвестиција во пот“ - за градење на нивните и домовите на други семејства.


Колку куќата од Хабитат го чини партнер-семејството?

Во светот, цената на куќите варира од неколку илјади долари во некои од земјите во развој до просечно 46.642 долари во САД.

Куќите на Хабитат се продаваат на семејства со ниски приходи, без никаков профит и со бескаматни кредити. Хабитат и натаму е во потрага по инвентивни начини и партнерства кои ќе им овозможат дури и на најсиромашните семејства да имаат едноставен и пристоен дом.


Како се врши избор на партнер-семејствата?

Семејствата кои имаат потреба од пристојно живеалиште поднесуваат апликација до локалната афилијација на Хабитат. Комисија во рамките на афилијацијата за избор на семејства избира според загрозеноста на семејството, спремноста да стане партнер во програмата и финансиската моќ за враќање на бескаматниот кредит. Секоја афилијација применува недискриминаторска политика за избор на семејствата. При изборот, не се важни ниту етничката ниту верската припадност.


Како се распределуваат и користат донациите?

Донациите, било да се наменети за локалната афилијација, националната организација или за меѓународната централа на Хабитат, се користат според желба на донаторот.

Подароците направени кон Хабитат, наменети за одредена афилијација или специфичен проект се префрлаат на таа афилијација или програма. Ненаменските подароци се користат онаму каде е најпотребно, како и за покривање на административните трошоци на Хабитат. Најнов финансиски извештај на Хабитат може да се добие по барање.


Кој го контролира и раководи со Хабитат?

Екуменски меѓународен Одбор ја одредува применетата политика и ја надгледува и води мисијата на Хабитат. Членовите на Одборот се доброволци кои се посветени на работата и се длабоко загрижени за проблемите на сиромашното домување во светот. Канцелариите на Хабитат имаат адиминстративен персонал, на кого му помага група составена од професионален и помошен кадар и доброволци кои соработуваат долгорочно или краткорочно. Со секоја афилијација или национална организација на Хабитат раководи локален Одбор на доброволна основа.


Како Хабитат соработува со владите?

Хабитат не прифаќа владини средства за изградба на нови или реновирање на постоечки куќи. Во Хабитат се добредојдени владини средства за инфраструктурни објекти, градење на капацитет или обука, и тоа единствено ако условите за добивање на тие средства не ги загрозуваат принципите на Хабитат и не ја ограничуваат слободата за прокламирање на неговата Христијанска мисија.