Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

FAQ

Како Хабитат одлучува на која заедница ќе и помогне?

Хабитат помага исклучиво по покана од страна на заинтересирани поединци од заедницата. Но, влегувањето на Хабитат во некоја земја или заедница не е ниту брз ниту лесен процес. Потребни се истражување, фокус, напорна работа и најважно - учество на заедницата.


Колку финансиски средства може да се очекуваат од Хабитат?

Хабитат обезбедува обука, совети и градење капацитет, но не и големи суми пари. Од афилијациите во Европа и Централна Азија, Хабитат бара голем дел од средствата за изградба да ги обезбедуваат самите афилијации. На тој начин, афилијациите се стремат да станат самоодржливи.


Од каде доаѓаат средствата? Кој е донатор?

Хабитат добива средства од меѓународни донатори меѓу кои и корпорации, цркви и поединци. Најголемиот дел од средствата на Хабитат доаѓаат од донации на поединци. Донациите заедно со средствата што пристигаат од отплаќање на кредитите на партнер-семејствата одат во „Фондот за хуманост“. Овој обновлив фонд на средства и овозможува на афилијацијата да гради се повеќе куќи.


Кој има право да аплицира за дом од Хабитат?

Ова зависи од дефиницијата за ниски приходи според критериумите кои ги поставува Одборот на локалната афилијација. Канцеларијата на Хабитат за Европа и Централна Азија препорачува во изборот да се даде предност на семејствата чиј приход по член е понизок од 75% од просечниот приход по жител во нивната заедница.


Колку е голема една типична куќа на Хабитат?

Изгледот на куќите го одредува Одборот на локалната афилијација. Канцеларијата на Хабитат за Европа и Централна Азија препорачува одредува­ње максимална површина на домот според бројот на членови на семејството:

1 член: 25 м 2
2 члена: 32 м 2
3 члена: 44 м 2
4 члена: 52 м 2
5 члена: 63 м 2
6+ члена: 69 м 2

Колку долго Хабитат останува во заедницата?

Афилијациите на Хабитат имаат долгорочна визија за трансформација на нивните заедници, а не само краткорочна мисија за решавање на постоечка станбена криза. Ова значи дека може да се очекува присуство на Хабитат во заедницата најмалку 20 години.


Дали сопствениците на домови изградени од Хабитат мора да бидат Христијани?

Ние работиме на обезбедување соодветно домување за сите луѓе, без оглед на нивната расна, верска и национална припадност, пол или возраст. Добредојдени се луѓе од сите вероисповести, како идни сопственици на домови, но и како донатори или волонтери.


Дали афилијациите на Хабитат градат училишта, цркви или други заеднички објекти во заедницата?

Не, единствена цел на Хабитат е искоренување на сиромашното домување во светот преку изградба на основно пристојно домување. Ние веруваме дека човек кој има барем едноставно и пристојно место за живеење, може подобро да придонесе за решавање на другите потреби на општеството.


Дали Хабитат е владина организација?

Хабитат не е дел од ниту една влада, политичка партија или друго државно тело. Хабитат не прифаќа владини средства за изградба или реновирање на домови. Сепак, ние ги поддржуваме владите да сторат се што можат во насока на подобрување на состојбата на оние кои немаат пристојно место за живеење. Хабитат ги поздравува партнерствата со владите во насока на создавање услови за изградба на куќи. Средствата за оваа намена како и подароци може да бидат во форма на земјиште, куќи за реновирање, инфраструктура и административни трошоци.


Кој ги гради домовите на Хабитат?

Семејствата на идните станари, членовите на Одборот, соседите, пријателите, локални и меѓународни волонтери работат заедно на изградбата на домовите под надзор на раководител на изградбата. Куќите на Хабитат мора да бидат проектирани така што во нивната изградба ќе може да учествуваат неквалификувани работници.


Кој дел од персоналот е платен во локалната афилијација на Хабитат?

Најчесто, афилијацијата на Хабитат започнува со Одбор, чии членови секогаш се волонтери. Со зголемувањето на обемот на работа на афилијацијата, Одборот вработува извршен директор. Ако е потребно, извршниот директор ќе вработи дополнителен персонал како на пример раководител на изградбата или координатор на волонтерите. Најголемиот дел од теренската и канцелариската работа се очекува да биде на доброволна основа.


Дали членовите на Одборот се платени?

Не, членовите на одборот се волонтери кои работат одреден број години без надомест.


Колкав е периодот на враќање на средствата добиени за домовите на Хабитат?

Периодот на враќање на средствата зависи од одлуката на локалната афилијација. Канцеларијата на Хабитат за Европа и Централна Азија препорачува период на враќање на средствата од најмалку 7, а најмногу 20 години.