Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

Микро заеми

Фонд за подобар дом

HFH Macedonia
Opportunity

Хабитат - Македонија
афилијација на
Habitat for Humanity International

Штедилница Можности имплементирачки партнер на Opportunity International


Кредитна линија за реконструкција и реновирање на субстандардно домување во Република Македонија

Хабитат-Македонија и Можности во Македонија започнуваат партнерство преку Иновативна програма. Програмата предвидува воспоставување кредитна линија која ќе нуди мали заеми за реконструкција и реновирање на субстандардни домови. Кредитната линија ќе користи средства од Фондот за подобар дом, основан со заедничко вложување на Хабитат - Македонија и Можности. Програмата предвидува и нефинансиски услуги во форма на совети и обука за кредитокорисниците.


Нашата целна група

House

Фондот за подобар дом ќе обезбедува средства во форма на заеми на економски слабите но работно активни лица кои живеат во несоодветни станбени услови. Иако потребите на најсиромашните и бездомните се најизразени, нашата целна група се лица и семејства кои покажуваат капацитет за економска активност и можат да гарантираат враќање на нашите капитални фондови со нивниот личен приход, на тој начин создавајќи можности и за другите. Оние кои имаат потреба од реновирање или реконструкција ќе треба да ги ограничат своите очекувања на мало стамбено проширување - доградба, реконструкција на кровови, ѕидови и темели за подобра заштита на стамбените објекти од дожд и снег и влага, или приклучување кон водоводна, санитациска, електрична и инфраструктура за греење.


Нашите целни области

House in Veles

Фондот за подобар дом своите средства ќе ги насочи кон сите рурални, субурбани и урбани региони во Македонија со исклучок на потесното урбано подрачје на Скопје. Со концентрација на регионите надвор од главниот град се ово-зможува јакнење на инвестициската активност во провинцијата, нама-лување на миграцијата и добивање поголема вредност за вложените средства преку помалите трошоци.


Нашиот продукт

    Наменски заем
  • 2.000 до 4.000 евра
  • до 60 месеци отплата
  • минимална месечна рата 44 евра
  • ефективна камата 0,5 % месечно
  • бесплатни стручни совети
  • ефикасна постапка
  • минимална документација

Услови

Барателите треба да се во работен однос или да се занимаваат со сопствена дејност. Семејствата што аплицираат за заем не треба да имаат вкупни приходи поголеми од две просечни месечни плати во Македонија, односно 24.000 денари. Семејствата со поголеми приходи од наведените нема да се сметаат за целна група. Износот на заемот се одредува според принципот 1/3 од месечните примања, при што како најмал износ на ануитетот се одредува 2701 ден.Овие заеми се наменети за семејства што имаат услови за живот под нормалните. Како субстандардни услови најчесто се сметаат:

  • куќи што имаат влага,
  • куќи што имаат полско WC,
  • паднат малтер,
  • неинсталирана водоводна и електрична мрежа,
  • недоволен простор за живеење и потреба од доградба,
  • други субстандардни услови кои можат да бидат востановени со посета.