Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

Нов проект

Права на домување кај Ромите за одржлив урбан развој

One pager

Проектот „Права на домување кај Ромите за одржлив урбан развој“ финансиран од Европскиот инструмент за демократија и човекови права започна да се спроведува во декември 2015 г. Целта на проектот е да го зајакне учеството на ромската заедница во процесите на социјална инклузија во доменот на домување.

Ромската заедница претставува една од најобесправените етнички заедници, живеејќи во сегрегирани населби на перифериите на градските подрачја. Во изминатите години, Хабитат Македонија активно се вклучува во напорите да ѝ се помогне на ромската популација во подобрување на условите за живот. Овие активности ја наметнаа потребата од создавање сеопфатна инклузивна рамка за решавање на проблемот на субстандарно живеење со кое се соочуваат Ромите. Во таа насока, Хабитат Македонија со своите партнери РОМА С.О.С од Прилеп, подржани од Черења од Штип и Сумнал од Скопје отпочна со реализација на проектот „Права на домување кај Ромите за одржлив урбан развој“ кој е финансиран од Евроспкиот инструмент за демократија и човекови права.

Проектните цели се насочени кон промоција на основните права на домување како права кои ги имаат сите граѓани и потикнување на граѓански иницијативи за подобрување на квалитетот на домувањето во три ромски населби во Прилеп, Штип и Скопје (општина Чаир).

Траење на проектот и цели:
Проектот ќе се спроведува 18 месеци и ќе ги засили механизмите за соработка и вмрежување, ќе ја мотивира pомската популација да се вклучи во процесите за донесување одлуки на локално ниво, за урбан локален развој и ќе ја засили социјалната инклузија во доменот на домувањето.

Проектните активности вклучуваат:

  • создавање локални лидерски групи во трите целни општини;
  • градење капацитети во областа на домувањето и развојот на локални лидерски групи преку обуки и менторство;
  • организирање на повеќе од 15 работилници и обуки на локално и национало ниво;
  • подготовка на основни студии за станбени прашања и урбанизација во трите целни општини;
  • подготовка на партиципативна анализа на локалните и националните политики за домување и урбан развој;
  • интензивирање на соработката со локалната власт и приватниот сектор за подобрување на процесите на домување и урбанизација на ромските населби.