Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

6 Октомври

Светски ден на домувањето

Image

Светскиот ден на домувањето е еден ден од годината кој треба да нѐ потсети заеднички да се залагаме за свет во кој секој човек ќе има услови за достојно домување, а имањето пристоен дом ќе биде препознаено како едно од основните човекови права.

Организацијата на Обединетите нации, со резолуција на Генералното собрание започна да го одбележува Светскиот ден на домувањето во 1985 година. Оттогаш, секој прв понеделник во месецот октомври е ден кога се одбележува значењето на живеалиштето, како основа за развој и просперитет. Се смета дека 1,6 милијарди луѓе денеска живеат во супстандардни услови, а секој четврти жител на планетата живее во услови кои го загрозуваат неговото здравје, безбедност, можности и просперитет.

Здружението за хумано домување Хабитат Македонија е дел од мрежата на Хабитат чија мисија е целосно укинување на сиромашното домување, и тие редовно го одбележуваат овој ден во светски рамки. Хабитат Македонија преку своите програми од 2005 година интензивно работи токму на унапредување на домувањето на семејствата со ниски приходи. Преку активности за водоснабдување, микрофинансирање на поправки во домовите, бескаматни заеми за легализација на домовите, застапување за правата на домување и секако преку мерки за енергетска ефикасност во индивидуалните и колективните станбени објекти, Хабитат Македонија ја остварува својата мисија за обезбедување едноставно, достапно и пристојно живеалиште за семејствата со ниски приходи.

„Прекинувањето на циклусот на сиромашно домување е во сржта на секоја наша активност. Затоа, по повод Светскиот ден на домувањето, сакаме да потсетиме дека од започнувањето на своите активности па до денес имаме помогнато на речиси 6000 семејства да ги подобрат условите за живот во своите домови. Исто така, сакам да напомнам дека во реализацијата на нашите активности досега се имаат вклучено над 1200 волонтери од целиот свет, па ова може да биде и повик до сите граѓани на Македонија да се вклучат, да волонтираат и да им помогнат на сограѓаните со ниски примања да дојдат до пристоен дом“ – вели Зоран Костов, директор на Хабитат Македонија.

Во годината во која одбележува десет години од своето основање, Хабитат Македонија најавува и старт на тригодишната глобална кампања на Хабитат која е посветена на потребата од формално поседување на сопствениот дом и земјиштето како клучни во борбата против сиромаштијата. Оваа кампања треба да резултира со реформи во националните политики на многу земји, носејќи придобивки за милиони луѓе кои домуваат во несоодветни услови.