Тервилигер центар за иновации во домувањето
|
Фокус на пазарот за домување во Македонија
© HFH
Во рамките на Деловниот план 2015-2018, Хабитат Македонија започнува со спроведување на проект за поддршка на капитални инвестиции кои имаат за цел развој на пазарот во секторот домување. Проектот е поддржан од Тервилигер-Центарот за иновации во домувањето на Habitat for Humanity International, промовиран минатиот месец во Кито, Еквадор, за време на одржувањето светскиот форум Хабитат III.
Проектот во Македонија ќе вклучи мапирање на пазарот и инвестициски анализи, како и развој на инструменти за стимулирање на пазарните чинители, вклучувајќи соодветни продукти, услуги и финансирање насочени кон зголемување на понудата на пристојно и достапно домување за семејства и лица со ниски приходи. Се очекува развиените практики потоа да се споделат со слични иницијативи во Бугарија, Романија и Босна и Херцеговина.
За целите на проектот Хабитат Македонија ќе ангажира експертиза за што е обезбедена стипендија Рон Тервилигер.
|
|