Хабитат Македонија со најдобри оценки од волонтерите во регионот ЕМЕА
Евалуацијата на програмите за меѓународни волонтери во регионот ЕМЕА за 2018 година ја потврди водечката улога Хабитат Македонија
Канцеларијата на Хабитат за Европа, Среден Исток, и Африка (ЕМЕА) ги објави најновите статистички податоци од евалуацијата на националните организации кои имаат програми за меѓународни волонтери (т.н. Global Village програма), за календарска година 2018.
За двете групи на програми: Средна (примени 4-10 тимови) и Голема (примени 11 и повеќе тимови) се оценуваат градилиштето, организацијата на престојот, искуство во земјата домаќин, координаторот - домаќин на волонтерите и севкупното искуство.
Во Средната групата земји: Ерменија, Јордан, Јужна Африка, Кенија, Лесото, Македонија и Унгарија, но и со вклучени двете групи на земји – Средна и Голема (Малави, Полска, Португалија, Романија и Замбија), Хабитат Македонија има најдобар резултат во 4 од 5 категории: степен на задоволство од 98,70% за категоријата градилиште; 99,21% за категоријата организација на престојот; 97,62% за категоријата искуство во земјата (второ-рангирана после Јордан со 97,75%); 99,53% за координаторот – домаќин на волонтерите и 99,60% за севкупното искуство. Последователно, Хабитат Македонија има водечка позиција и на севкупната листа, со оценка од 98,81%.
Евалуацијата вклучуваше 12 национални програми, плус Етиопија. Во рамките на овие програми, организирани се 178 патувања на тимови на меѓународни волонтери, од кои 160 дале оценка за своите искуства, со степен на учество од волонтерите од 66%. Од 2915 меѓународни волонтери, 70% изјавиле дека сакаат да продолжат да волонтираат во Хабитат.