Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties

Whirlpool
Whirlpool
 
Настан

Инвестициски форум за енергетска ефикасност за секторот домување одржан во Скопје

Image

На 25 март 2015 година, УСАИД и Хабитат Македонија одржаа инвестициски форум, организиран во рамки на Проектот за енергетска ефикасност во секторот домување. На форумот беа присутни повеќе од 50 учесници од приватниот и од јавниот сектор, кои ги разгледаа потребите и потенцијалите за инвестирање во енергетската ефикасност во секторот домување во Македонија.

„Се надеваме дека ќе го поттикнеме инвестирањето, претприемништвото и создавањето на работни места во секторот за енергетска ефикасност и дека ќе ги мотивираме сите засегнати страни да се инволвираат во унапредување на резиденцијалната енергетската ефикасност“ – изјави Џејмс Стајн, директор на мисијата на УСАИД.

„Нашите активности вклучуваат соработка со сите чинители со цел да влијаеме на Националната стратегија за енергетска ефикасност и соодветните Акциски планови, за да обезбедат мотивација за сопствениците на домовите да преземат активности и да ја подобрат енергетската ефикасност во своите домови. Инвестирањето во енергетска ефикасност во домувањето е важно не само заради тоа што ја намалува загаденоста и штеди средства и ресурси, туку и затоа што во тек на процесот на унапредување на енергетската ефикасност можеме да создадеме работни места и да понудиме вистински услови за развој на бизнисот“ – изјави Зоран Костов, извршен директор на Хабитат Македонија.

Проектот на УСАИД и Хабитат Македонија за енергетска ефикасност за секторот домување е тригодишна иницијатива наменета да донесе унапредување во станбените згради во кои живеат семејства со ниски примања. Овој проект им помага на семејствата кои живеат во колективни станбени згради да ја намалат потрошувачката на енергија и со тоа да ја намалат висината на сметките. До денес, во рамки на проектот реализирани се енергетски ефикасни реновирања на 32 колективни станбени згради во 7 општини, поддржувајќи повеќе од 600 домаќинства. Проектот исто така придонесе кон зголемување на капацитетите и помогна да се подигне свеста за енергетската ефикасност во секторот домување.

Галерија

Click