Договор за соработка со УСАИД
|
Селекција на станбени згради во тек
По официјалното промовирање на проектот Енергетска ефикасност за секторот домување во декември 2011, во првиот квартал на 2012 започнат е целосно транспарентен процес на селекција на станбени згради во општините вклучени во првата фаза на проектот: Карпош, Тетово, Велес и Куманово. Јавниот повик објавен во весниците Дневник, на македонски јазик, и Коха, на албански јазик, проследен со информативни средби организирани во истите општини за сопствениците и нивните заедници, резултираше со 36 пријави.
Во процесот на селекција постојат повеќе чекори, вклучувајќи анкетирање и собирање на информации, јакнење на капацитетите на заедниците на сопственици и енергетски ревизии на пред-селектираните објекти. Се очекува процесот да заврши до почетокот на летото и првите заеми за енергетски ефикасни интервенции да бидат исплатени на пријавените сопствениците, нивните заедници на сопственици или на специјализирани компании кои тие ќе ги изберат.
Во исто време, резултатите ќе бидат презентирани на општинската власти, заедно со покана за вклучување во проектот, особено преку поддршка на заедниците на сопственици во напорот за изведба на енергетски ефикасни фасади на нивните станбени згради.
|
|