Проект
|
Поддршка за национална типологија и енергетска проценка на зградите
Долго очекуваниот национален проект за проценка на енегетските пергорманси на станбените згради во Македонија се подготвен за старт во февруари 2020 година, откако двата главни поддржувачи на проектот, Фондот за иновации и технолошки развој и Хабитат Македонија го верифицираа своето финансиско учество.
Проектот, насловен како Комерцијализација на иновативни процеси за унапредување на енергетската ефикасност во секторот домување базирани на типологија за енергетска проценка на станбените згради според метода ТАБУЛА, има за цел да развие сеопфатна проценка на енергетските перформанси на станбениот фонд во Македонија, заснованата на Типолошкиот пристап за енергетска проценка на зградите (ТАБУЛА), како методологија развиена од истражувачки институции во ЕУ со поддршка на програмата Интелигентна енергија за Европа. Конкретната методологија е препорачана од македонското Министерство за економија, како неопходна алатка за подготовка на Националната стратегија за реконструкција на зградите, предвидена во новиот Закон за енергетска ефикасност.
Проектот беше развиен од конзорциум предводен од компанијата за истражување и развој Мегаполис. Друштвата Финерти и Хабидом, основани од Хабитат Македонија, се партнери во конзорциумот со клучна улога во конципирањето и спроведувањето на проектот. Поддршката од Хабитат Македонија вклучува фондови од TCIS и проектот REELIH.
|
|