Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

Програма

Зголеми

Фокус на енергетската ефикасност

Хабитат Македонија иницира пилот проект - Енергетски ефикасни домови, фокусиран исклучиво на финансирање на замената на постоечките енергетски неефикасни прозорци и врати, зголемувајќи го на тој начин капацитетот на термо-изолација во домовите на семејствата со ниски приходи.

Со реализација на овој проект се обезбедува „зелена“ компонента на мисијата на Хабитат во Македонија. Во имплементацијата на активностите ќе се користат адекватни градежни материјали со добри енергетски карактеристики. На тој начин ќе се намали инфилтрацијата на студен воздух преку прозорците, ќе се намали загубата на топлинска енергија и ќе се зголеми ефикасноста на системите за греење. Консеквентно, покрај намалувањето на трошоците за енергија на селектираните домови, проектот ќе придонесе кон редуцирање на локалното загадување, со истовремено вклучување и во борбата против глобалното затоплување.

Имплементирањето на овој пилот проект преку моделот на микро заеми за домување ќе биде организиран преку новоразвиени партнерства со неколку компании специјализирани во производство и промена на прозорци и врати. Компаниите истовремено ќе бидат и финансиски медијатори финансирајќи ги интервенциите кои би чинеле помеѓу 49.500 и 74.300 денари.