2016
|
Светски ден на домувањето
На Светскиот ден на домувањето, првиот понеделник во месец октомври, Хабитат Македонија се приклучува на Обединетите нации и другите организации низ светот во борбата за подигање на свеста и мобилизирање на поединците и заедниците за надминување на глобалната криза со домувањето.
Оваа година, Хабитат Македонија се фокусираше на подигање на свеста за важноста на урбанизацијата на сиромашните квартови во градовите во Македонија и обезбедувањето на еднакви можности за одржлив развој за секој граѓани. Ова беше постигнато преку интервју со програмскиот директор на Хабитат Македонија на првата програма на Македонската национална телевизија. Утринската емисија на МТВ1, гледана речиси во секој дом, го емитуваше интервјуто во живо, при што јавноста можеше да се информира за мисијата и активностите на Хабитат Македонија во земјата.
Покрај информативна кампања, на 3 октомври Хабитат Македонија потпиша Меморандум за разбирање со Општина Кавадарци за соработка и изработка на Регистар на станбени згради, активност која е дел од локалната кампања „На сигурно тло“.
|
|