Волонтерски тим од Хенкел во Македонија
Безбеден дом за луѓето кои имаат потреба – ова е целта на програмата „Добредојдовте дома“ која ја започна Секторот на Хенкел за адезиви за потрошувачи, занаетчии и градежници во соработка со Habitat for Humanity. Преку соработката со Habitat for Humanity Хенкел придонесува кон подобрување на животот во локалните заедници.
Хенкел е германска компанија за хемиски производи и роба за широка потрошувачка со седиште во Диселдорф, Германија. Основана во 1876 година, таа денес е мултинационална компанија организирана во три деловни целини кои оперираат на глобално ниво: грижа за домот, грижа за убавината и технологии за адезиви.
Тимот на вработени во Хенкел една недела помагаше при изградбата на домови за семејства со ниски примања од градот Велес во Македонија. Тимот кој го сочинуваа 25 вработени од Германија и други земји од Европа допатува во Велес да работи со партнер-семејствата на Хабитат Македонија, а им се придружија и вработени во локалните канцеларии на Хенкел од Македонија, Косово и Србија.
Хабитат Македонија во јули 2017 година започна со изградба на шестата зграда од својата Програма за новоградби во Велес. Тимот на Хенкел вложи повеќе од 800 работни часови и помогна да се довршат темелите на новата зграда. Покрај волонтирањето, Хенкел донираше и градежни материјали од својата програма.
Волонтерски тим од Хенкел во Македонија
|
Волонтерски тим од Хенкел во Македонија
|
Волонтерски тим од Хенкел во Македонија
|