Развој на пазарот во секторот домување
|
Хабидом лиценциран од Регулаторната комисија за домување
Хабидом, друштвото за управување со станбени згради основано од Хабитат Македонија како дел од Деловниот план 2016-2018 година, доби лиценца за работа од Регулаторната комисија за домување на Република Македонија. Согласно македонскиот Закон за домување, лиценцата е предуслов за друштвото да започне со работа во секторот на управување со станбени згради.
Во Деловниот план на Хабитат Македонија, поддржан од канцеларијата на Хабитат за Европа, Средниот Исток и Африка, оваа активност е проектирана како посебна компонента во рамките на Деловната линија 2 именувана како: Развој на пазарот во секторот домување.
Со основањето на Хабидом како ентитет за управување со станбените згради Хабитат Македонија ќе ја формализира испораката на услуги за управување кои беа развиени и веќе претходно испорачувани на различни начини во текот на спроведувањето на проектот за енергетска ефикасност поддржан од УСАИД. Новата понуда на пазарот на услуги за управување со станбени згради ќе вклучи и опција за поволно финансирање на одредени интервенции кои бараат инвестиција поголема од редовното одржување, преку постоечките програми за кредитирање на Хабитат Македонија.
|
|