Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

Домување за лица со посебни потреби

Семејната фондација Финерти
му се придружува на Хабитат

Image

Условите на екстремно сиромашни услови на живеење на кои Џон Финерти можеше да се осведочи во текот на неговите претходни посети на Македонија, особено меѓу семејствата со членови кои имаат посебни потреби, го наведоа да преземе несекојдневен чекор. Ова лето, при посетата на селото Рашче на периферијата на Скопје, тој се сретна со семејство кое го знаеше од порано: Сејди Исмани, неговата сопруга со интелектуална попреченост и неговите четири возрасни деца, од кои три се со посебни потреби и не можат да работат. Семејството живееше во куќа без септичка јама, поради што канализациската отпадна вода протекуваше низ дворот; ѕидовите и прозорците беа во толку лоша состојба што на повеќе места можеше да се гледа надвор низ нив и, разбирливо, куќата немаше никаква заштита од екстремно студено или жешко време. Сеиди нема постојано вработување и работи само како сезонски работник, поради што не беше во состојба да земе кредит од Хабитат за реновирање.

Џон Финерти направи еден релативно едноставен, но многу великодушен гест. Имено, тој преку неговата Финерти семејна фондација од Флорида, донираше средства за целосна отплата на кредитот на ова семјество и на неколку други семејства од Рашче, кои исто така имаат членови со посебни потреби. Тој исто така, им помогна со волонтирање во текот на реконструкцијата на нивниот дом. Како почесен член на Управниот одбор на Хабитат Македонија од 2008 година, Џон покани и други поддржувачи, кои му се придружија во оваа иницијатива, а меѓу нив се Пол Волерс, Амбасадор на САД во Република Македонија, Беким Мурати, градоначалник на општина Сарај и Шабан Мемети, директор на Институтот за јавно здравје на Република Македонија.

Чекор по чекор, овој настан кој имаше за цел да го унапреди ова трипартитно партнерство прерасна во широко поддржана иницијатива за превенција и унапредување на индивидуалното и јавното здравје, во исто време поддржувајќи го концептот на енергетска ефикасност во руралните домови. Сепак, за семејството Исмани ова беше голем настан, бидејќи тие добија нова септичка јама, нови ПВЦ прозорци кои ги заменија старите дрвени, и нова фасада, што беше доволно за да се обезбеди значително подобра термичка изолација.

Оваа и другите планирани интервенции во селото Рашче се дел од две одделни програмски сектори на Хабитат Македонија: Водоснабдување и санитација, и Енергетска ефикасност. Покрај реконструкцијата на домовите на локалните жители во селото, овие интервенции имаат и јавно-здравствена компонента, бидејќи спречуваат дополнително загадување на подземните води кои го снабдуваат главниот град Скопје со вода за пиење.


Click
Амбасадорот Волерс во Рашче
Click
Сеиди Исмани, Џон Финерти и Амбасадорот Пол Волерс
Работа на реконструкцијата на домот на семејството Исмани во Рашче
Работа на реконструкцијата на домот на семејството Исмани во Рашче
 
Сеиди Исмани, Џон Финерти и Амбасадорот Пол Волерс
Сеиди Исмани, Џон Финерти, Амбасадорот Пол Волерс и Градоначалникот Беким Мурати