Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

2019

Проекти на Хабитат Македонија во извештај на ОН

Два проекти на Хабитат Македонија се вклучени во Збирката на најдобри практики за стандарди и технологии за енергетска ефикасност на објекти во регионот на Европа и Централна Азија, објавени во август 2019 од Економската комисија за Европа на Обединетите Нации (УНЕЦЕ).

Извештајот е подготвен во рамките на проектите на УНЕЦЕ “Стандарди за енергетска ефикасност на објекти во регионот на УНЕЦЕ“ на Одделот за шуми, земјиште и домување, и “Јакнење на националните капацитет за развој и имплементација на стандарди за енергетска ефикасност на објекти во регионот на УНЕЦЕ“ на Одделот за одржлива енергија, како и активностите на Заедничката работна група на УНЕЦЕ за стандарди за енергетска ефикасност на објекти.

Првиот проект на Хабитат Македонија го презентира основањето и главните цели на друштвото за управување со станбени згради Хабидом, ангажирано на управување и одржување на националниот станбен фонд во колективни станбени згради.

Вториот проект е наречен Енергетски ефикасни домови за семејства со ниски приходи. Тој презентира одржливи модели за финансирање и пропратни активности развиени од Хабитат Македонија со цел да им помогнат на македонските домаќинства кои живеат во колективни станбени згради да ја намалат својата ранливост од растот на цените на енергенси, притоа намалувајќи ја аеро-загаденоста.

Комплетниот извештај содржи 38 проекти и студии на случај од 20 земји кои припаѓаат на регионот на Европа и Централна Азија. На извештајот може да му се пристапи преку линкот: http://www.unece.org/fileadmin/DAM/energy/se/pdfs/geee/study/Compendium_of_best_practices_final_2103_DC.pdf