Награда Energy Globe за Хабитат Македонија
По повод Светскиот ден на животната средина, австриската фондација Energy Globe му оддаде меѓународно признание на десетгодишниот ангажман на Хабитат Македонија во секторот на резиденцијална енергетска ефикасност, со доделување на награда за национални достигања. Наградениот проект: Енергетски ефикасни домови за семејства со ниски приходи, иницијално е започнат од Хабитат Македонија во 2009 година.
Главните достигања на проектот кој е се уште активен вклучуваат енергетски ефикасни реконструкции на повеќе од 60 колективни станбени згради во Македонија, со преку 1900 станови, при што се постигнати вкупни годишни енергетски заштеди од 7910 MWh и годишни редукции на емисиите на јаглероден диоксид од 3670 тони.
Главната цел на Фондацијата Energy Globe, во соработка со Програмата за животна средина на Обединетите Нации (UNEP), е да укаже дека во нашиот свет постојат многу креативни луѓе кои имаат спроведено проекти со решенија за многу проблеми, всушност проекти кои го помагаат опстанокот на нашата планета.
За наградата оваа година се поднесени преку 2000 предлози од преку 180 земји. Националните победници се избрани по пат селекција спроведена од експерти на Комитетот за евалуација на Energy Globe. Сите национални победници се квалификуваат за светските награди кои ќе бидат одлучени до крајот на годината.
Дополнителни информации за наградата се достапни на: https://www.energyglobe.info/macedonia2018?cl=en&id=256347
Награда Energy Globe за Хабитат Македонија
|
Награда Energy Globe за Хабитат Македонија
|
Награда Energy Globe за Хабитат Македонија
|