Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

Нов проект

Истражување за УНЦХР за условите на домување на 185 семејства

Image

Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНЦХР) и Хабитат Македонија воспоставија соработка со цел да им помогнат на 185 семејства со поранешен статус на бегалци да ги подобрат своите услови за живот. Во проектот се вклучени и семејствата кои имаат член со статус на бегалец.

Истражувањето за УНЦХР е со фокус на семејствата кои живеат во Македонија, а се дојдени од Косово за време на кризата во 1999 година. Повеќето бегалци се ромски семејства населени во скопската општина Шуто Оризари.

Во првата фаза на проектот се изготвува анализа на условите за домување на 185 семејства вклучувајќи идентификација на потребите, категоризација и развој на модели за поддршка кои ќе овозможат различна помош за подобрување на условите за домување, како и технички совети за едноставни, пристојни и достапни домови, правни совети и обуки за финансиска писменост, одржување на домот и набавки на материјали за градба. Подобрувањето на условите за домување треба да им обезбеди поголема економска независност и полесна интеграција во општеството на семејствата со поранешен статус на бегалци.