Првиот јапонски ГВ тим работеше во Велес
Од 1-ви до 14-ти март 2014 г. група студенти од Јапонија ја посети Македонија и се вклучи во глобалната волонтерска програма за помош на партнер семејства на Хабитат. Студентите помогна во изградба на домовите на партнер семејствата кој се избрани во програмата за нови домови во Велес. Во градењето им се придружија почесниот член на Управниот одбор на Хабитат Македонија Мери Џо Волерс и почесниот конзул на Јапонија Казу Лешниковска. Заедно со партнер семејствата тие ги изградија сите ѕидови на три домови и голем дел од дрвената конструкција за кровот на објектот.
„Никогаш нема да го заборавам ова искуство“ се зборовите на студентот Такатоши. „Да се помогне на едно семејство во нивната цел да имаат дом во кој нивните деца ќе растат исполнети со среќа е бесценето.“
Покрај придонесот за семејствата од Велес, јапонскиот тим уживаше во богатата македонска култура. Тие посетија повеќе градови и се запознаа со нивните знаменитости. Од пештерите на Матка, па се до Охридското езеро. Сите беа фасцинирани од историјата на многуте цркви, џамии и археолошки наоѓалишта.
„Луѓето се секогаш пријателски расположени“ вели Сатоши, водачот на тимот. Сум патувал на многу места и искрено сум фасциниран од македонскиот народ и нивното гостопримство. Секогаш и секаде сум добредојден”.
„Нашето преубаво искуство во Македонија секогаш ќе го споделуваме со нашите семејства, пријатели и луѓе од Јапонија“ се заедничките зборови на волонтерскиот тим од Јапонија, чија помош беше добредојдена за луѓето и семејствата од Велес.
Галерија
Првиот јапонски ГВ тим во посета на Скопје
|
Првиот јапонски ГВ тим на градилиштето во Велес
|
Членови од јапонски ГВ тим работат на градилиштето во Велес
|
Почесниот член на Управниот одбор на Хабитат Македонија Мери Џо Волерс и почесниот конзул на Јапонија Казу Лешниковска работат заедно со јапонскиот ГВ тим
|
Членови од јапонски ГВ тим работат на градилиштето во Велес
|
Членови од јапонски ГВ тим работат на градилиштето во Велес
|
Членови од јапонски ГВ тим работат на градилиштето во Велес
|
Членови од јапонски ГВ тим работат на градилиштето во Велес
|