Корпоративна општествена одговорност
|
Поддршка од ArcelorMittal за енергетски ефикасни интервенции
Првите микро-заеми за домување наменети за подобрување на енергетската ефикасност на индивидуални домови каде живеат семејства со ниски примања се исплатени во април 2012, благодарение на финансиската поддршка за Хабитат Македонија добиена од компанијата АрселорМитал. Планирано е обновливиот фонд основан за оваа цел да биде оперативен се додека постои интерес за овој тип на интервенции.
Помал дел од великодушниот финансиски придонес на АрселорМитал е насочен кон СОС детското село во Скопје и е наменет за реновирање на сместувачките капацитети преку достапен заем за домување.
Пред неколку години, Хабитат започна соработка со Фондацијата АрселорМитал, добротворен огранок на светскиот гигант во индустријата за производство на челик. Тоа резултираше со партнерство кое овозможи директна финансиска поддршка за афилијациите на Хабитат, можност за волонтирање на вработените од АрселорМитал и развој на технички решенија од лесен челик како опција за домување која кореспондира со барањата на Хабитат за едноставен и пристоен дом.
|
|