Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

Подобро домување за лицата со хендикеп

Како можам ЈАС да помогнам?

Image

Хабитат Македонија верува дека пристојниот дом е првиот чекор кон социјалната вклученост. Пристапот до адекватен дом за сите лица е неопходен за постигнување напредок и општествен развој за сите.

Во оваа насока, на 8 февруари 2013 година, во Волково, Хабитат Македонија ја започна кампањата Социјална инклузија преку пристојно домување за лицата со посебни потреби. Под мотото „Како можам ЈАС да помогнам?" кампањата цели кон сензибилизирање на пошироката јавност за потребите за пристојно домување на оние лица, кои живеат со некаков хендикеп.

Кампањата, чијашто почесна амбасадорка е г-ѓа Мери Џо Волерс, ќе инспирира приврзеници, интересни групи и водечки лица во рамките на Хабитат и надвор од организацијата, при што ќе ја нагласи улогата на домувањето како излез од маѓепсаниот круг на социјалната исклученост.

„Преку една милијарда луѓе или 15 насто од светското население живее со некаков облик на хендикеп. Лицата со посебни потреби често пати наидуваат на бариери, коишто им го оневозможуваат учеството во одредени општествени области. Задача е на општеството да ги урне овие бариери" – рече г-ѓа Волерс на почетокот на кампањата.

Хабитат Македонија го поддржува независното живеење на лицата со различен хендикеп, со што се намалува нивната зависност од други лица. Со поддршка на волонтерски тимови Хабитат Македонија веќе реновираше една куќа за згрижено домување со дневен центар во Волково, во близината на Скопје, којшто им служи на лица со различен степен на хендикеп. Реновирањето значително ги подобри животните услови на повеќе од 35 лица, коишто живеат со ментални и телесни попречености.

Преку поддршката на Фондацијата Финерти Фемили, Хабитат Македонија настојува да им овозможи на лицата со хендикеп да живеат во заедницата како почитувани и вреднувани граѓани.