Програма за новоградби
|
Предадена во употреба петтата станбена зграда во Велес
Еден од носечките програми на Хабитат Македонија – проектот за новоградби во Велес одбележа уште едно постигнување: петтата станбена заграда за семејства со ниски приходи беше предадена во употреба на 11 јули 2017 година.
Новата зграда има 12 стана, со просечна корисна површина од 61 м2. Како и со претходните 4 згради, неколку стотини меѓународни волонтери учествуваа во изградбата, придружени од семејствата кои ги исполнија условите и беа вклучени во програмата.
На настанот присуствуваа претставници на локалните власти, на управниот одбор на Хабитат Македонија, како и тим од меѓународни волонтери од Велика Британија кои во моментот беа ангажирани на градилиштето. На присутните им се обрати и на семејствата им честита Кочо Анѓушев, Заменик Претседател на Владата на Република Македонија, а се обратија и Славчо Чадиев, градоначалник на Велес и Зоран Костов, извршен директор на Хабитат Македонија. Во името на селектираните семејства се заблагодари Андријана Босилкова.
Веднаш до ново завршените станови веќе започна ископот за темелите на шестата зграда, со нови 12 стана кои ги очекуваат семејствата со ниски приходи од Велес.
Петтата станбена заграда за семејства со ниски приходи во Велес
|
Едно од семејствата заедно со Тетјана Лазаревска, Претседател на Управниот одбор на Хабитат Македонија
|
Кочо Анѓушев, Заменик Претседател на Владата на Република Македонија
|
|
|