Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

Договор за соработка со УСАИД

Унапредување на енергетската ефикасност
во секторот домување

Image

Во април 2015 УСАИД и Хабитат Македонија го финализираа комплексниот проект кој беше фокусиран на унапредување на енергетската ефикасност во станбениот сектор.

Во текот на изминатите 4 години проектот им помагаше на семејства кои живеат во колективни станбени згради да создадат подобри услови за живеење преку намалување на потрошувачката на енергија и асоцираните трошоци. Енергетски ефикасни интервенции беа спроведени на 35 колективни станбени згради во седум општини, директно поддржувајќи преку 700 сопственици на станови.

Проектот исто така разви и тестираше различни модели за финансирање, вклучувајќи заеми за индивидуалните сопственици, специјализирани компании, како и заеми кон микрофинансиски институции за одделни целни групи. Во текот на соработката со станарите од секоја зграда исто така беше неопходно да се за зајакнуваат капацитетите на заедниците на сопственици за управување и одржување на нивниот имот.

Кога овој проект започна, просечната потрошувачка на енергија на домаќинствата во Македонија беше четири пати повисока од просекот во развиените европски земји. Енергетските контроли кои исто така беа спроведувани во рамките на проектот, потврдија дека годишната потрошувачка на енергија за греење кај реновираните згради може да се намали за дури 40 проценти. Овие заштеди практично ја отплаќаат инвестицијата за само неколку години.

И додека УСАИД и Хабитат Македонија се горди на овие постигања, јасно е дека многу други семејства исто така ќе имаат потреба од поддршка. За оваа цел беа истражени нови можности за финансирање на енергетски ефикасните интервенции во колективното домување по затварањето на проектниот циклус. Во оваа смисла, паралелно со Обновливиот фонд за енергетска ефикасност креиран од проектот кој ќе ги продолжи своите операции, партнерите заклучија дека за одржливи модели ќе бидат потребни конзистентни политики и механизми за финансирање, внимателно координирани од владата, меѓународните и локалните развојни агенции и социјално мотивираните инвеститори.