Хабитат Македонија се вклучува во кампањата „На сигурно тло“
Што е од суштинско значење за едно семејството да може да живее во безбеден, достоинствен, достапен дом? Тоа е нешто што е очигледно, но многу луѓе ретко обрнуваат внимание – тоа е земјиштето. За жал, повеќето луѓе во светот немаат право на сопственишто за земјиштето на кое живеат. Во светот, поголемиот дел од системот за сопствеништво на земјиште е нефункционален и многу од луѓето кои немаат соодветно домување не се во можност да обезбедат ниту право на сопственост на земјиштето. Хабитат е посветен на помагање на семејствата кои имаат најголема потреба за пристојно домување, но најпрво потребно е да имаат пристап до земјиштето на кое ќе можат да создадат дом. „На сигурно тло“, нашата глобална кампања за застапување, е создадена токму за решавање на ова фундаментално прашање на пристап до земјиште за засолниште.
Кампањата „На сигурно тло“ во Македонија работи на подобрување на урбанизацијата во маргинализираните заедници. Хабитат Македонија се залага за легализација на домови, пристап до основните услуги, сеопфатно урбанистичкото планирање, како и почитување на правата на домување вклучувајќи ги и правата на домување кај жените и социјалната инклузија. За да се постигне ова, Хабитат Македонија ќе воспостави национална коалиција за поддршка на соодветното домување за маргинализираното население, ќе ги мобилизира локалните заедници да се залагаат за домување и урбан развој, ќе изработи студии во кои се истакнува прашањето на сиромашното домувањето на локално и на национално ниво и многу повеќе.