Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

Признание

Признание за развој и промоција на волонтерството

На Хабитат Македонија и беше доделено Признание за долгогодишен придонес во развојот и промоцијата на волонтерството во Македонија. Признанието го додели Националниот совет за развој на волонтерство и Министерството за труд и социјална политика на Република Македонија.

Започнувајќи од 2008 година Хабитат Македонија секоја година вклучува волонтерски тимови кои придонесуваат во подобрување на условите на домување на семејствата со ниски приходи во Македонија. До сега, Хабитат Македонија била домаќин на вкупно 86 тимови, со повеќе од 1.700 волонтери од целиот свет, како и над 10 локални тимови кои го олеснуваат градењето на домови за партер семејствата.

Во текот на 2016 година беа вклучени вкупно 10 волонтерски тимови од САД, Канада, Холандија, Германија и Саудиска Арабија, со вкупно 138 волонтери кои одработија 6.762 волонтерски часови. Волонтерите дадоа значаен придонес за изградбата на 12 домови, активно вклучувајќи се во тековните градежни активности, како што се поставување на термоизолација на фасада, внатрешна обработка на ѕидови, поставување на гипс картонски плафони и уредување на земјиште околу објектот, при што се намали потребата од ангажирање на професионална работна рака. Средната оценка за искуството на волонтерите од соработката со Хабитат Македонија е 96,6%, што е исклучително висок процент и дава голем потенцијал за развој на програмата за волонтери.


Click
Признание за развој и промоција на волонтерството
Click
Признание за развој и промоција на волонтерството
Click
Признание за развој и промоција на волонтерството