Стратегија за раст на мрежата Habitat for Humanity International
|
Усогласен деловниот план 2016-2018 на Хабитат Македонија
Хабитат Македонија, со покана упатена од Habitat for Humanity International, се придружи кон групата од 10 национални Хабитат организации избрани да ја тестираат глобалната Стратегијата за раст. За оваа цел ХФХИ и Хабитат Македонија се согласија со взаемна соработка да подготват Стратегиски план и Деловен (бизнис) план за Хабитат Македонија, за фискалните години во периодот 2015-2018 година, коишто ќе бидат усогласени со глобалниот Стратегиски план на ХФХИ. Последователно, Стратешкиот план на Хабитат Македонија за периодот 2014-2018 година предвиде јакнење на влијанието на организацијата на ниво на заедница, сектор и општество, како и изградба на одржлива организација.
Во последната фаза на планирањето развиени се т.н. канвас деловни модели, еден интегриран за целата организација и повеќе расчленети за деловните линии кои ќе ја сочинуваат програмата на Хабитат Македонија. Со ова, усогласениот Деловен план на Хабитат Македонија за периодот 2016-2018, со датум на ефектуирање 1 јули 2015 година, ќе го сочинуваат три деловни линии:
- Деловната линија 1: Развој на заедницата, вклучува три компоненти кои се дел од постоечкото програмско портфолио на Хабитат Македонија:
- Новоградби
- Кредитирање на мало
- Услуги за поддршка на домувањето
- Деловната линија 2: Развој на пазарот во секторот домување, вклучува исто така три компоненти, од кои во едната се консолидирани постоечките проектни партнерства со микрофинансиските организации Можности и Хоризонти, додека две се планирани како посебни правни ентитети, основани од здружението Хабитат Македонија, кои ќе испорачуваат услуги кои се предмет на лиценцирање од национални регулаторни тела:
- Микрофинансиски партнерства
- Друштво за управување со станбени згради
- Финансиско друштво за домување
- Деловната линија 3: Домувањето и општествениот развој, вклучува две компоненти и овозможува дополнување со специјални или нови проекти кои би биле поддржани во рамките на посебни процеси за апликација:
- Регистар на станбени згради и станови
- Платформа за намалување на сиромашното домување
- Мобилизација на волонтери
За секоја деловна линија се развиени поголем број индикатори на остварувањата кои се дел од постоечката глобалната алатка за мониторинг, преку која се реализира програмското известување кон ХФХИ. Од нив, за секоја деловна линија се утврдени клучни индикатори на остварувањата кои можат да се вкрстуваат во различни пресеци.
|
|