Проект за Енергетска ефикасност за секторот домување
Говорници на настанот (од лево кон десно): г-ѓа Лилјана Алчева, г. Ваљон Сараќини, г. Роберт Вуртц и г. Зоран Костов
На 15ти декември 2011 година, проектот за Енергетска ефикасност за секторот домување го одбележа својот официјален почеток. Промоцијата на проектот беше започната со добредојде до присутните искажано од страна на заменик директорот за програма на Хабитат Македонија, г-ѓа Лилјана Алчева. Таа ги претстави говорниците на настанот, министерот за економија, г. Ваљон Сараќини, директорот на УСАИД Мисијата во Македонија, г. Роберт Вуртц и извршниот директор на Хабитат Македонија, г. Зоран Костов. На настанот беа презентирани активностите кои проектот ќе ги преземе во следните три години. Претставници од многу министерства, општини, НВОи, приватни компании и академски институции присуствуваа на настанот.
"Среќен сум што гледам дека енергетската ефикасност не е врвен приоритет само за индустријата, туку истото така и за резиденцијалниот сектор. Преку работење на подигнувањето на јавната свест за енергетската ефикасност, позитивно ќе се влијае врз климата и животната средина. Зајакнатата свест на сопствениците на станови за примената на мерки за енергетска ефикасност ќе создаде нов пазар за резиденцијална енергетска ефикасност кој ќе создаде нови работни можности", рече министерот за економија, Ваљон Сараќини.
Важноста на резиденцијалната енергетска ефикасност ќе го привлече вниманието на јавниот, комерцијалниот и финансискиот сектор во оваа област. Извршниот директор на Хабитат Македонија, Зоран Костов ја изрази својата благодарност кон УСАИД Мисијата во Македонија затоа што навреме предупредува за растечките цени на енергијата и важноста на резиденцијалната енергетска ефикасност и затоа што е одличен поддржувач на активностите.
"Пилот проектот кој го спроведовме минатата година потврди дека инвестициите во енергетски ефикасни мерки се оправдани", рече директорот на УСАИД Мисијата за Македонија, Роберт Вуртц. "Тие не резултираа само во заштеди на енергија и намалени трошоци за енергија, туку исто така и во подобрени услови за живеење за станарите од тие згради". Во својата завршна изјава г. Вуртц порача "Штедете енергија, штедете пари и однесувајте се одговорно кон животната средина".
Галерија
Проект за Енергетска ефикасност за секторот домување
|
г. Зоран Костов, Извршен директор на Хабитат Македонија
|
Проект за Енергетска ефикасност за секторот домување
|
Од лево кон десно: г. Зоран Костов, г-ѓа Лилјана Алчева, г. Ваљон Сараќини и г. Роберт Вуртц
|
г. Ваљон Сараќини, Mинистер за економија
|
г. Роберт Вуртц, Директор на УСАИД Мисијата во Македонија и г. Зоран Костов, Извршниот директор на Хабитат Македонија
|
Говорници на настанот (од лево кон десно): г-ѓа Лилјана Алчева, г. Ваљон Сараќини, г. Роберт Вуртц и г. Зоран Костов
|
|
Фотографија: Фил Лампрон