Рекордно висок број на услужени семејства
Рекордно висок број на услужени семејства
Фискалната година која заврши на 30 јуни 2012 беше исклучителна за Хабитат Македонија, со оглед дека беше постигнат рекордно висок број на услужени семејства, и преку градежни интервенции и преку услуги за поддршка на домувањето (УПД). Ова остварување ја рангира македонската национална организација меѓу најдобрите во Habitat for Humanity International, мрежа која има операции во 90 земји.
Историскиот преглед на остварувањата Фондот за подобар дом (ФПД), Фондот за домување Роми и маргинализирани (ФДР), Програмата за доградби и новоградби (ДГ/НГ), Водоснабдување и санитација (ВСС), Енергетски ефикасни домови (ЕЕД) и специјалните проекти (СП) можат да се видат подолу.
Истовремено, бројот на услужени семејства преку услугите за поддршка на домувањето ги надмина проекциите откако беа развиени нови видови услуги, покрај постоечките градежно-технички совети (ГТС). Овие услуги, дел од кои се поддржани од Грантот за стратегиски иновации (ГСИ) на Habitat for Humanity International, припаѓаат на веќе завршени, постоечки или штотуку започнати програми и проекти: Промоција на правата за домување за Ромите (ПДР), Легализација на домувањето на Ромите (ЛДР), Унапредување на енергетската ефикасност во секторот домување (УЕЕ), Поддршка за поранешните бегалци (ППБ) и Развој на индикатори за социјална инклузија во домувањето (СИД).
Остварени услуги за поддршка на домувањето според состојба на 30 јуни 2012