Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

Развој на пазарот во секторот домување

Хабидом продолжува да расте

Друштвото за управување со станбени згради Хабидом, основано од Хабитат Македонија, достигна 5000 станови под договор за континуирано управување.

Хабидом ДООЕЛ, компанија за управување со станбени згради основана од Хабитат Македонија и лиценцирана од Регулаторната комисија за домување во 2015 година, ја надмина бројката од 5000 опслужени домаќинства. На крајот на 2023 година Хабидом имаше 216 станбени згради со 5172 станови под договор за управување, лоцирани во 8 различни општини во главниот град Скопје и неговата непосредна околина: Карпош (59 згради), Аеродром (48 згради), Центар (36 згради) , Ѓорче Петров (25 згради), Чаир (19 згради), Кисела Вода (18 згради), Сопиште (6 згради) и Гази Баба (5 згради).

Главен приоритет на компанијата за управување со станбени згради Хабидом е обезбедување квалитетни услуги за станбените згради, засновани на иновативен пристап и високо ниво на посветеност. Покрај редовното одржување, ова вклучува постојана комуникација и соработка со секој сопственик, континуирани теренски посети и идентификација на проблемите, како и зајакнување на капацитетите во спроведувањето на мерките за енергетска ефикасност. Понатаму, управуваните станбени згради имаат можност за поволни финансиски аранжмани за редовно и инвестициско одржување.

Паралелно со својот примарен домен на работа, Хабидом успешно го заврши и своето учество како партнер во конзорциумот што го спроведуваше проектот финансиран од програмата Хоризонт 2020 на Европската Унија, насловен како Прилагодени мерки за поддршка на енергетски ранливи домаќинства. Конзорциумот беше предводен од Универзитетот во Корк, Ирска, а вклучуваше партнери од 12 европски земји. Учеството на Хабидом вклучуваше инсталација на опрема за енергетска ефикасност во 600 домови, проследено со анализа на однесувањето и следење на потрошувачката на енергија на опслужените домаќинства.


Повеќе за Хабидом