Промоција
|
Промоција на Почетни студии за домувањето на Ромите во Општините Чаир, Прилеп и Штип
Хабитат Македонија како дел од проектот „Права на домување кај Ромите за одржлив урбан развој“ ги промовираше трите Почетни студии за домувањето на Ромите во Општините Чаир, Прилеп и Штип.
Основа за подготовка на Почетните студии за домувањето на Ромите во овие општини е анкета спроведена кај 736 семејства кои живеат во ромската населба Топаана во Општина Чаир, 600 семејства кои живеат во ромската населба Тризла во Општина Прилеп и 336 семејства кои живеат во повеќе ромски населби во Општина Штип.
Со овие Почетни студии ја прикажуваме моменталната состојба во домувањето кај Ромите во Општина Чаир, и со тоа да придонесеме за подобро согледување на проблемите и потребите на ромската заедница поврзани со домувањето. Понатаму, Почетната студија треба да послужи за утврдување на приоритетните проблеми во локалната средина, за мобилизација на граѓаните за вклучување во процесите на одлучување на локално ниво, но и на локалните власти за нивно поголемо ангажирање во областа домување и одржлив урбан развој во ромските населби.
Почетна студија за домувањето на Ромите во Општина Прилеп |
Почетна студија за домувањето на Ромите во Општина Штип |
Почетна студија за домувањето на Ромите во Општина Чаир |
|
|
|
|
|