Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

Нов проект

news

Хабитат - Македонија го имплементира проектот промовирање
на права за домување на Ромите

Европската Унија ја одбра Хабитат Македонија да го имплементира проектот за промовирање на правата за домување на Ромите во Македонија. Проектот ќе се одвива во периодот помеѓу 12/2010 – 12/2011 во општините Шуто Оризари, Тетово, Гостивар и Куманово кои имаат голем број на ромско население.

Главната цел на проектот е да допринесе кон промовирањето на правата на домување земајќи ја општествената вклученост како основа, како и да послужи како стимул за понатамошното подобрување на нивниот статус во образованието, здравството, вработувањето и родовата еднаквост. Овој проект е во согласност со главните цели на Декадата на Ромите, наменети да ја намалат разликата во животните стандарди и услови за живеење помеѓу ромската и неромската популација. Декадата на Ромите од 2005 до 2015 год. е политички ангажман без преседан од страна на европските влади со цел да се подобри општествено-економскиот статус и општествената вклученост на Ромите.

Пет години од почетокот на Декадата на Ромите, еден од проблемите кои најмногу заостанува е домувањето. Ромите и понатаму живеат во несоодветни услови во градските средини без пристап до најосновните услови за живеење како соодветно засолниште, соодветен пристап до вода за пиење и санитација како и инфраструктура.

Имајќи го ова на ум, Хабитат – Македонија, со поддршка од Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР) започна нов проект кој се фокусира на правата на домување на ромското население.

Целта на проектот е да го поддржи подобреното спроведување на правата за домување и општествената вклученост на Ромите и другите маргинализирани групи. Со овој проект Хабитат – Македонија заедно со ЕИДХР исто така дава придонес за примената на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и општествената изолираност.

Главните резултати кои се очекуваат од овој проект се:

  • Интегрирани права на домување како механизам за општествена вклученост и намалување на сиромаштијата кај Ромите,
  • Подобрување на капацитетите на локално ниво за учествување во процесите за носење одлуки и олеснување на примената на правата на домување на Ромите,
  • Да се зацврснат механизмите за примената на правата на домување на Ромите на локално ниво.

Со цел да се остварат проектните цели и активности ќе се искористат работни групи, форуми, обуки, работилници, тркалезни маси, дискусии, истражувања и објавување на материјали.


Проектот е финансиран од Европската Унија