Домувањето и човековите права
Хабитат Македонија во рамките на проектот "Промовирање на правата за домување на Ромите", финансиран од Европската Унија, на 15 февруари во Скопје одржа завршна конференција на тема "Домувањето и човековите права".
Министерот без ресор во Владата на Република Македонија, г. Неждет Мустафа, заменик министерот за труд и социјална политика, г. Ибрахим Ибрахими, претставник на Делегацијата на Европската Унија г-а Ирена Иванова и извршниот директор на Хабитат Македонија, г. Зоран Костов ја отворија првата сесија на конференцијата по која следеше обраќање на директорот на Институтот за социолошки и политичко правни истражувања, г. Јорде Јакимовски за сиромашното домување во Република Македонија, а свое излагање имаше и извршниот директор на Хабитат Унгарија, г. Gyorgy Sumeqhy кој ги презентираше искуствата од Унгарија за правото на домување и човековите права.
Вториот дел на конференцијата се состоеше од работни сесии предводени од г-а Мабера Камбери, советник во Министерството за труд и социјална политика, со фокус на влијанието на домувањето на другите приоритети во Декадата за вклучување на ромите; г. Зоран Цали, административен директор на "Фондацијата отворено општество Македонија" (ФООМ) ја предводеше работната група за легализација на бесправно изградени објекти и унапредување на сигурноста во домувањето додека г-а Лилјана Алчева, заменик директор за програма на Хабитат Македонија, ја предводеше работната група за студијата за сиромашно домување во Македонија.
Претставници на Делегацијата на Европската Унија, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за транспорт и врски, претставници на ромските информативни центри и невладини организации како и претставници на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Организацијата за безбедност и соработка на Европа (ОБСЕ) и Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) учествуваа во работните групи и ги презентираа заклучоците на пленарната завршна сесија.
Галерија
Завршна конференција - "Промовирање на правата за домување на Ромите"
|
Завршна конференција - "Промовирање на правата за домување на Ромите"
|
Завршна конференција - "Промовирање на правата за домување на Ромите"
|
Завршна конференција - "Промовирање на правата за домување на Ромите"
|
|
Завршна конференција - "Промовирање на правата за домување на Ромите"
|
Завршна конференција - "Промовирање на правата за домување на Ромите"
|
|
Фотографија: Фил Лампрон