Одржлив урбан развој за ромските заедници
По потпишувањето на договорот за грант на крајот на октомври 2019 година, сите релевантни чинители за новиот проект насловен како Одржлив урбан развој за ромските заедници беа поканети од Хабитат Македонија на промотивниот состанок одржан на 18 декември 2019 година во Скопје.
На состанокот се обратија градоначалниците на партнерските општини, Курто Дудуш од Шуто оризари и Аце Коцевски од Велес, заедно со Нафи Сарачини, претставник на делегацијата на Европската Унија во Скопје. Претставници на Министерството за труд и социјална политика и на Министерството за транспорт и врски, одговорни за урбанистичко планирање, исто така учествуваа на настанот.
Проектот, финансиран од Инструментот за пред-пристапна помош (ИПА) на Европската Унија треба да придонесе кон инклузивен, ефикасен и одржлив урбан развој кој треба да води кон подобар квалитет на живеењето во ромските заедници. Главни цели на проектот се подобрување на условите за домување на загрозените ромски заедници во Шуто Оризари и Велес, како и да промовира еднакви можности за социјална инклузија, образование и здравство за Ромите и ситите општини.
Главните испораки на проектот вклучуваат детални урбанистички планови за неколку густо населени области во двете општини, како основен предуслов за урбан развој.