Партнерство со ФООМ и НРЦ
|
Проектот за легализација во завршна фаза
По четиригодишна имплементација проектот за легализација на домувањето во ромските заедници влегува во завршна фаза. Проектот кој Хабитат Македонија го спроведува во соработка со Фондацијата отворено општество Македонија и Националниот ромски центар ги поддржува најранливите семејства во ромските заедници во постапката за легализација на нивните домови, согласно Законот за постапување со бесправно изградените објекти од 2011 година.
Повеќекратните измени на првичното законско решение, меѓу кои и интервенцијата на државата со обезбедување на услугите кои се дел од проектот, не го попречија остварувањето на проектираните резултати. Со крајот на јуни 2015 проектот има поддржано 1191 семејство со заеми за изработка на потребните геодетски елаборати, врз чија основа од општинските власти во Македонија досега се издадени 290 решенија за легализација, додека останатите се во постапка која треба да заврши набрзо. Како дополнување на проектните активности, за 37 легализирани објекти Хабитат Македонија има одобрено и заеми за реновирање или реконструкција.
Проектните активности ќе бидат во тек до крајот на 2015 година. Пред формалното завршување на проектот планирана е меѓународна тематска конференција на која ќе се презентираат резултатите од активностите во Македонија и од сродни активности во земјите од регионот на Централна и Источна Европа.
|
|