Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

Домот е еднаквост

Кампањата Домот е еднаквост со лидерска група во Шуто Оризари

Шуто Оризари, една од двете македонски општини кои се партнери на националните активности на глобалната кампања Домот е еднаквост на Habitat for Humanity, беше домаќин на формирањето на Локалната лидерска група, активисти во заедницата кои ќе работат на предизвиците поврзани со домувањето, со фокус на намалување на сите видови нееднаквости, вклучително и пристапот до вода, струја и основни услуги.

На настанот, одржан на 19 октомври 2023 година, присуствуваа Курто Дудуш, градоначалник на општина Шуто Оризари, Диме Велковски, пратеник во македонското собрание, Рик Хатавеј, потпретседател на Habitat for Humanity за Европа и Блискиот Исток и Зоран Костов, национален директор на Хабитат Македонија.

По презентацијата на планираните активности од Лилјана Алчева, заменик директор за програма на Хабитат Македонија, домаќините изразија благодарност до Habitat for Humanity International и Хабитат Македонија за нивната континуирана поддршка, особено за проектите насочени кон подобрување на квалитетот на домувањето и урбанизација на општината.

„Хабитат ќе продолжи да им помага на граѓаните во Шуто Оризари да ги подобрат условите за домување и живот бидејќи домувањето значи подобро образование, подобар живот, побрз економски развој“, рече Рик Хатавеј, потпретседател на Habitat for Humanity за Европа и Блискиот Исток.

„Не застануваме тука. Во соработка со општината ќе продолжиме да работиме на нови проекти и активности со цел да го подобриме животот и развојот на оваа единствена заедница“, изјави Зоран Костов, извршен директор на Хабитат Македонија.

Домот е еднаквост е петгодишна глобална кампања на Habitat for Humanity за застапување посветена на постигнување промени во политиките, на сите нивоа, со цел да се осигура дека луѓето што живеат во неформални населби имаат правичен пристап до соодветно домување.