Енергетска ефикасност
|
Партнерство со општина Центар
Со потпишувањето Меморандум за соработка на 12 јули 2012 воспоставено е ново партнерство со една од скопските општини – општина Центар. Програмата за енергетски ефикасни домови на Хабитат Македонија на овој начин е проширена на уште една скопска општина.
Со цел заедничко спроведување на проектот општина Центар подготви Акционен план за енергетска ефикасност. Според планот, се спроведе јавен повик за заедниците на сопственици од станбените згради од општина Центар да се пријават за финансиска поддршка од општината со која ќе се реновираат фасадите, кој истовремено имаше услов најмалку 70% од станарите во зградите да ги променат постоечките надворешни врати и прозорци со енергетски поефикасни. Хабитат Македонија обезбедува достапни заеми за оваа интервенција.
Во предвидениот период за пријавување примени се вкупно 54 пријави. Се очекува заедничка комисија на општина Центар и Хабитат Македонија да изберат најмалку 10 згради а реконструкцијата да заврши до крајот на 2012 година. Сите реновирани згради ќе го зачуваат нивниот автентичен изглед.
|
Партнерство со општина Центар
|
Потпишување Меморандум за соработка
|
|
|
|