| Нов проект | 
              
                | 
                  
                    | 
                      Легализација на домувањето за РомиХабитат Македонија,  Фондацијата отворено општество Македонија (ФООМ) и Националниот ромски центар (НРЦ) на 18 јануари 2012 година потпишаа договор за соработка за имплементација на проектот "Легализација на домувањето за Роми". Проектот ќе обезбеди финансиска, административна и техничка помош за легализација на домови  на ромски семејства и ќе се имплементира од 2012 до 2015 година. Извршниот директор на Хабитат Македонија, Зоран Костов, изјави дека во соработка со микрофинансиска институција ќе бидат обезбедени бескаматни мали заеми и техничка помош. Проектот се очекува значително да го зголеми бројот на Роми, сопственици на домови, и да обезбеди посигурна иднина за голем број на ромски семејства. Галерија 
                          
                            |     Нов проект - Легализација на домувањето за Роми |   Нов проект - Легализација на домувањето за Роми |    Нов проект - Легализација на домувањето за Роми |    Нов проект - Легализација на домувањето за Роми |  
                            |  |    Нов проект - Легализација на домувањето за Роми |  |  |  Фотографија: Галина Страчкова |  |