Застапување
|
Справување со социјалната исклученост во домувањето
Извршниот директор на Хабитат Македонија д-р Зоран Костов беше поканет од Министерството за труд и социјална политика на почетокот на годинава да се приклучи кон експертскиот тим кој беше определен да ја подготви Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост за периодот 2010-2020 година. Специфична одговорност на д-р Костов беа областите транспорт, комуникации и домување.
Процесот кој истовремено беше поддржан и од канцеларијата на УНДП во Македонија, беше успешно заокружен на 12 октомври 2010 година со усвојувањето на Стратегијата од Владата на Македонија. Во моментов, во подготовка е првиот Годишен план (за 2011 година), а Хабитат Македонија има можност да предложи конкретни активности, вклучувајќи и застапување на оние кои се сметаат за социјално исклучени во областа на домувањето.
Интегралниот текст на Националната стратегија за намалување на сиромаштијата и социјалната исклученост за 2010-2020 година може да се најде овде.
|
|