Хабитат Македонија обезбедува засолниште
на грчко-македонската граница
Хабитат Македонија обезбедува засолниште на грчко-македонската граница
Реагирајќи на една од најтешките кризи која го погаѓа регионот на Блискиот Исток и Европа, на средината на октомври Хабитат Македонија подигна засолниште за мигрантите и бегалците додека трае процесот на регистрација од македонските власти, пред да бидат примени во транзитниот центар на грчко-македонската граница.
Повеќе илјади мигранти и бегалци од Сирија, Авганистан, Ирак и многу други земји минуваат низ неофицијалниот премин кај Гевгелија секој ден, претходно патувајќи по т.н. Балканска рута со денови и недели. Од средината на јуни 2015 година повеќе од 155 илјади се регистрирани на влез во Македонија, вклучувајќи илјадници семејства со повеќе од 28 илјади деца.
Ангажманот на Хабитат Македонија во пограничната зона е договорен со Центарот за управување со кризи на Владата на Македонија, а на терен е координиран со УНХЦР. Операциите се поддржани од канцеларија на Хабитат за Европа, Средниот Исток и Африка, откако организацијата прогласи Ниво 2 одговор на кризата.
Според плановите, наредниот чекор треба да вклучи дополнително засолниште, како и испорака на непрехранбени продукти и услуги за најранливите групи. Со влошувањето на временските услови од критична важност е и подготовката на транзитниот центар за зимски услови.
|
Сцена од мигрантската криза на грчко-македонската граница пред интервенцијата на Хабитат Македонија - септември 2015 година
|
Сцена од мигрантската криза на грчко-македонската граница по интервенцијата на Хабитат Македонија - октомври 2015 година
|
|