Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

Сторија

Добредојдовте во нашиот топол дом

Mišto alen ko amaro kher! Вели Анета Азир, со насмевка на лицето, стоејќи и пречекувајќи нè на влезот од својот дом. Дом кој отскокнуваше по убавина и смиреност во однос на соседните куќи во Ромското маало. Анета е млада амбициозна и претприемчива жена. Нè пречека со насмевка и со „добредојдовте во нашиот топол дом“ на ромски јазик. И навистина, покрај тоа што куќата делуваше современо и се гледаше дека е градена според прописи, она што освојуваше беше топлината на семеен дом. А, таа топлина во домот на Анета, покрај сопругот, ја создаваа и уште двата сина и ќерката.

Анета го има главниот збор и таа раскажуваше за пријатните искуства со тимот на „Хабитат“. Вели дека програмата за микро-финансирање ѝ овозможила да го има овој сега веќе топол дом, кој претходно и не можел солидно да се загрее. „Повеќе бевме смрзнати отколку стоплени“, продолжува да зборува Анета и тоа повторно со насмевка на лицето. Сепак, она што таа го посочува како најголема поддршка од „Хабитат“ е тоа што тие луѓе ја научиле дека задолжително мора да се потпише договор со сите мајстори, а во договорот да биде прецизирано што ќе биде изработено и за колку време. “И тоа е техничкиот дел, за кој имав безрезервна поддршка од добрите луѓе од „Хабитат“, вели Анета. Но, она што ми ја згреа душата пак, е што сега навистина имам топол дом. Не знаев точно што е енергетска ефикасност, но знам дека порано не можевме да се згрееме, сега тоа го правиме и со многу помалку огрев. Ако претходно целата топлина што се обидувавме да ја направиме внатре, ја носеше провевот и столаријата која не можеше да ја задржи, туку како за инает го пушташе ладното од надвор, сега со новите прозорци и врати, ние научивме што е топло, што е нормален и комфорен живот. Јас сега научив и што значи да имаш енергетски ефикасен дом, сега со сигурност знам што е енергетска ефикасност”, ја завршува Анета својата приказна.

Семејството на Анета е само едно од 2.000 семејства со ниски приходи кои се поддржани од програмата за микро-финансирање во соработка со Хоризонти, преку којa Хабитат Македонија им помогна да изградат едноставни, пристојни и пристапни домови, затоа што секој заслужува пристоен дом.