Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

ЕЦА Форум за домување 2013

Два проекти на Хабитат Македонија
презентирани во Женева

Image

На вториот Форум за домување на Европа и Централна Азија, организиран од меѓународната мрежа на Хабитат, во партнерство со Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина (ИФРЦ), Програмата за развој на Обединетите Нации (УНДП) и Економската комисија на Обединетите Нации за Европа (УНЕЦЕ), Хабитат Македонија имаше чест да биле поканет и да презентира два од своите тековни проекти.

Проектот Легализација на домувањето кај Ромите беше презентиран во рамките на сегментот Б наречен Солуции за домување, како дел од сесијата насловена: Студии на случај на домување кај Ромите, додека проектот Енергетска ефикасност во секторот домување беше презентиран во рамките на сегментот Д наречен Домувањето и човековиот развој.

Вториот Форум за домување се одржа од 22 до 24 април 2013 година во седиштето на ОН во Женева, Швајцарија. Меѓу искажаните препораки се најдоа повиците за зголемување на понудата на домови за изнајмување преку нови модели, справување со проблемот на управување на приватизираните колективни станбени згради, како и работата со Ромите на легализација на нивните неформални населби.

На тридневниот собир учествуваа 147 делегати и 71 организација од вкупно 38 земји, меѓу кои агенции на ОН, меѓународни НВО, академски и финансиски институции, експерти за домување, деловни субјекти и донатори.