Habitat for Humanity Macedonia
HFH International

HFH International
Хоризонти

Habitat for Humanity of Cass and Schuyler Counties, Inc.
Habitat for Humanity of Canada
Habitat for Humanity of Oakland County
Habitat for Humanity of Metro Denver
Payson Area Habitat for Humanity
Habitat for Humanity of East Pasco
Habitat for Humanity Greater Birmingham
Habitat for Humanity of Citrus County
Habitat for Humanity Central Arizona
Habitat for Humanity Madison and Clark Counties


Whirlpool
Whirlpool
 

Сторија

Работата на Хабитат Македонија
претставена во Financial Times

Премногу студено за живеење: како семејствата во Македонија ги обновуваат нивните домови, напис во Financial Times од 11 декември 2018

Греењето на становите може да чини и до половина од просечната плата – но Хабитат помага тоа да се подобри, вели авторката Валери Хопкинс во осврт кој ја опишува десетгодишната работа на Хабитат Македонија на унапредување на енергетската ефикасност во станбениот сектор во Македонија.

Почнувајќи од 2009 година, вели авторката, Хабитат обезбеди поддршка на 60 станбени згради, со вкупно 1900 станови со цел да ја подобрат енергетската ефикасност. Во организацијата сметаат дека со ова семејствата можат да заштедат дури до 40% од трошоците за греење. Сега може да си ги платат сметките – а воздухот во нивниот дом да е почист од оној што го дишат повеќето Македонци, нагласува авторката.

Ангажманот на Хабитат Македонија, според Financial Times, е дотолку поважен кога ќе се има предвид дека Скопје од Светската Здравствена Организација е прогласен за најзагаден град во Европа во 2018 година, делумно затоа што две третини од домаќинствата користат огревно дрво како примарен извор за загревање. Мерењата на загадувањето покажуваат до 10 пати поголемо присуство на ПМ честички во воздухот во однос на стандардите за квалитет на воздухот на Европската Унија, а СЗО проценува дека тоа предвремено убива 2574 лица секоја година...

Освртот е дел Божикниот апел на Financial Times спроведен во партнерство со Habitat for Humanity, организација која е посветена на домувањето, со операции во повеќе од 70 земји. Целиот осврт може да се прочита на: https://www.ft.com/content/c7be121a-f8b0-11e8-af46-2022a0b02a6c